Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
Свечен прием за корпоративните партнери 2018
На 29ти Октомври 2018 година, ИМКА по петти пат ги прими корпоративните партнери на премиум лидерските кампови ГЛОУ и ИМЛП. Ова беше настан на кој се посетивме на пријатните спомени од овогодишните кампови и на кој им се заблагодаривме и на нашите корпоративни партнери без кои целата програма на ИМКА за развој на младите не би била возможна.
Настанот го отвори Извршниот Директор на ИМКА, Виктор Илиев, кој ги поздрави сите, им се заблагодари за нивниот интерес и потоа ги покани американскиот амбасадор во Република Македонија Џес Бејли кој зборуваше за неговите посети на камповите ГЛОУ и ИЛМП, напредокот што го видел во развојот на програмата и определеноста на младите која што можеше да jа посведочи. После тоа Соња Бојаровска, Менаџерот за корпоративна општествена одговорност на Тинекс зборуваше за важноста на инвестирањето во младите во оваа земја. Амбасадорот Бејли сподели неколку размислувања за важноста на инвестирањето во младите во Македонија и исто така присутните ги запозна повеќе со идејата и потребата за одржувањето на овие кампови. После тоа, некои од нашите кампери одржаа кратки говори и ги споделија личните искуства за нивното учество со присутните гости. Извршниот Директор на ИМКА, Виктор Илиев, зборуваше за важноста на образованието на отворено и камповите како форма на неформално учење, по што ги додели признанијата на овогодинашните корпоративни партнери: златен спонзор: ОКТА, сребрени спонзори: Тинекс и Рудникот САСА, бронзени спонзори: Алкалоид. Пекабеско и Жикол. После следуваше период на неформално дружење со некои од нашите кампери. Ова беше можност преставниците на компаниите подобро да се запознаат со резултатите од програмата преку личните приказни на камперите,но и можност за понатамошна соработка со ИМКА и Мировниот Корпус. Ова беше одлична можност компаниите да ја покажат својата корпоративна одговорност и да изградат добар имиџ за себе и производите/услугите кои ги нудат. Да станете партнери во спроведувањето на програмата за развој на млади ГЛОУ и ИМЛП на ИМКА значи создавање традиција во развојот на врвните лидери во Македонија поддржана од едни од најдобрите компании во земіава и регионот.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative