Завршен настан на Врсничката школа за ментално здравје

На 26 јуни, по завршената едукација на врснички едукатори и најголемата врсничка едукација одржана за значењето на менталното здравје во Битола со опфат на над 2000 ученици од основните и средните училишта во Битола, како и на повеќе факултети, се одржа финалниот промотивен настан на проектот.

Тоа беше неколкучасовен настан, кој се состоеше од презентирање на резултатите од проектот, но и презентација на дополнителните интелектуални и креативни резултати кои произлегоа од проектните активности.

Промотивниот настан започна со презентација на чекорите и фазите низ кои се движеше проектот и како беа сите модули низ кои се организираа децата и младите од основните и средните училишта и учениците. Дискусијата ја отвори Виктор Илиев, претседател на ИМКА Битола, а потоа проф.д-р. Сашо Кочанковски за тоа како се изгради атмосферата меѓу учесниците на модулите за врсничка едукација и општественото влијание што беше остварено врз вклучените едукатори.

Во овој дел беше прикажана работата на двете групи за поддршка (групи за лица со попреченост во семејството и групи за еднородителски семејства). За нив презентации одржаа координаторите кои ги водеа групите, Рената Димановска за групата со еднородителски семејства и Мартина Дурљанова за групата семејства со лица со попреченост.

Потоа беше прикажан прирачникот според кој беа спроведени работните модули за деца и млади, како и за ранливи групи. Објаснувањето за прирачникот даде Јовче Крстески, кој во соработка со проф. д-р Сашо Кочанковски го подготвуваше изгледот на прирачникот.

Пред доделување сертификати за завршени модули за врсничка едукација, со својот музички перформанс пред присутните настапија група врснички едукатори кои изминатиов период активно се подготвуваа. Од темите за ментално здравје што ги работеа изминатата година, тие го создадоа својот текст и под водство на Јасна

Димитровска успеаја да ја создадат својата мелодија за тој текст и да ја испеат целата своја идеја пред публиката на овој завршен настан.

На крајот следуваше доделување сертификати за учество и споделување благодарност на сите кои учествуваа и го помагаа овој проект во текот на целата година. Се обрати и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на дел од младите кои учествуваа во активностите, како и на учесниците од групите за поддршка кои ја истакнаа потребата од продолжување на овој вид активности во градот, бидејќи нема доволно ваков тип на работа со маргинализирани групи понудени на ниво на Општина Битола.

Настанот се одржа во просториите на Europe house во Битола, каде присуствуваа поголем дел од врсничките едукатори, секако и нивните врсници, родители, дел од стручните служби од училиштата, претставници од граѓански организации, како и претставници од општината. Претставниците од Општината дадоа пофални зборови за вложениот труд, труд и енергија за овој проект да се заврши како што треба и да придонесе за збогатување и поттикнување на интересот за оваа проблематика на повисоко и попрофесионално ниво. Со објавувањето на прирачникот, во трендот се приклучува и Битола како град со својот придонес кон темата како да се работи со врсниците на теми важни за нивното ментално здравје и благосостојба. Прирачникот е бесплатен и може да се преземе на следниот линк.

Final Event
Повеќе фотографии може да видите во Албумот.

Проектот „Училиште за врсници за деца и младинско ментално здравје“ на Младинската асоцијација ИМКА Битола е имплементиран во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 Reload2, финансирана од Европската Унија (ЕУ), имплементирана од Обединетите нации за развој Програма (УНДП). Проектот е кофинансиран од општина Битола. Проектот го спроведува ИМКА во соработка со Порака Нова и Амос.

One Response