Иницијатива за поттик на нашата мисија во Западен Балкан

Од 13-ти до 16-ти октомври, нашите претставници беа присутни на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан, чиј домаќин е ИМКА Косово. Програмските сесии беа дизајнирани околу интеграцијата на мисијата и визијата на ИМКА од Македонија, Албанија, Косово и Србија и воспоставувањето на светла иднина заедно во рамките на нашето движење. Покрај претставниците на Иницијативата за Западен Балкан, на состанокот имаше и неколку гости кои дадоа свој придонес во програмата како што се Клаудија Кун од CVJM (ИМКА Германија) со инпути за развојот на програмите, Пол Смајли од ИМКА Европа со придонес за подобрување на управувањето во организациите, Мариус Поп од ИМКА Европа за стратешки партнерства со придонес за соработката со корпоративниот сектор, Том Валентин од ИМКА од САД со инпути за перспективите и поддршката за регионот во иднина и Енди од тимот за комуникации на ИМКА Европа. Програмата понуди неверојатна можност за размена на добри практики, запознавање со локалните младински лидери и посета на центрите на ИМКА низ целата земја, вклучувајќи го и новиот Камп Пјетершан. Нашиот престој беше во градот Пеќ со работни сесии одржани во локалната ИМКА – импресивен мултифункционален објект кој располага со различни програми за обука за млади. Тоа беше одлична можност да се даде отчет за секоја организација и нивниот развој за време на иницијативата и плановите во светлината на ветувачките партнерства и потенцијалните идни активности. Беше одлично време да се потсетиме на сите вредности, спомени и искуства што го собраа раководството на Иницијативата за Западен Балкан – продолжувајќи да ја фокусира својата работа на регионалните планови, идните чекори, предизвици и можности за претстојната година. Во однос на постигнувањата, вреди да се спомене дека некои ИМКА добија нови општински простори и договори, приходот на секоја ИМКА се зголеми во текот на целата иницијатива, започнаа нови партнерски проекти (во регионот и на меѓународно ниво), дополнителен фокус даден не само на лидери, но и на персоналот и членовите на одборот. Со преку 20 дигитални состаноци (тим и 1 до 1) плус студиски посети на сите ИМКА организации оваа година  регионот полека расте и оди во вистинската насока – со уште многу работа што треба да се направи. И круната на нашето патување – Кампот Пјетершан – импресивен камп на ИМКА во има капацитет за сместување 70 млади луѓе и нуди прекрасни капацитети како спортски и тренинг објект, камп сала и канцеларии, бунгалови, камперски оган – простор што може да се користи за повеќекратни активности на отворено и одличен пример на проект со локална, национална и меѓународна поддршка. Бевме инспирирани од овој состанок, воодушевени од издржливоста и одлучноста на тимот и индивидуалната работа на сите ИМКА организации кои создаваат промени во нивните заедници – и благодарни сме што сме дел од неа.

Впечатоци од учесници од програмата за дигитално образование на ИМКА и ХП

Марта Јас сум Марта од Крушево, a моментално учам во средното медицинско училиште во Битола. Курсевите ги дознав преку пријателка од ИМКА, преку постови на Фејсбук и Инстаграм. Посетив пет курсеви и во иднина планирам да посетам сигурно уште неколку. Курсевите се интересни за следење, задржуваат внимание, а атмосферата во Mладинскиот Центар е хармонична и пријатна. Овие курсеви кои досега ги следев и искуството кое го стекнав од нив планирам да ги искористам за лична кариера и развој, и секако би споделила на мои пријатели и познаници за бенефитите од истите. Антим Јас сум Антим Атанасоски, 18 годишен од Битола. Ми беше чест да посетам четири курсеви направени од HP, а имплементирани во соработка со ИМКА. Еден од курсевите кои најмногу ми се допадна е социјално претприемништво кој беше многу практичен и информативен, за разлика од другите курсеви од овој тип кои сум ги посетил на интернет. Наученото од курсот може да се користи практично секој ден од животот. Секако дека планирам да посетам и други курсеви во иднина, затоа што верувам дека од секој курс има многу да се научи. Љупчо Прво сакам да кажам дека дигиталното образование не е само учење нови вештини, тоа е најбитно за развојот на начинот на размислување за раст и прифаќање на континуирано подобрување. Јас сум Љупчо од Битола, за курсевите дознав преку ИМКА во која сум волонтер и имам учествувано на многу настани и работилници организирани од нивна страна. Само што ја видов апликацијата на социјалните мрежи веднаш се пријавив без да размислувам дали тоа ќе биде интересно или дали ќе ми биде од полза и искрено да ви кажам не направив грешка! Посетив пет различни курсеви од категориите комуникации и маркетинг како најсоодветни теми за мене. Сметам дека секој млад човек треба да ги изучи овие курсеви кои многу ќе му користат во животот, во секојдневието и во потрагата по работа. Моментално работам во странство, но по моето враќање во Битола повторно ќе се пријавам за курсевите, особено за темата иновации. ИМКА и HP ви благодарам за оваа можност што ми ја пруживте, се гледаме за скоро време повторно! Елена Да си вработен и да бидеш истовремено родител е многу потешко отколку што изгледа, јас сум Елена Иванов 28 години, од Битола. Во Младинската Асоцијација ИМКА сум неколку години, со кратки паузи. Мојата работна позиција е офис менаџер. Изминатите години работевме на неформално образование и организиравме летни кампови, но после големата пандемија што се случи можам да кажам дека HP курсевите се нaјдоброто нешто што се случи во ИМКА. Покрај секојдневните обврски сепак имав можност да поминам неколку курсеви од темата комуникации, затоа што тоа е она што најмногу ме привлекува и би сакала да споделам со вас дека курсевите за бизнис е-маил и бизнис комуникација се курсевите кои морате да ги посетите. Тие не се долги максималното време што ќе треба да го одвоите е 1 час.  Би била многу среќна ако се одлучите и вие да ги посетувате овие курсеви на HP Life програмата и секако сакам да се заблагодарам на HP и на ИМКА за оваа одлична можност на бесплатни курсеви во нашиот град. Филип Здраво, јас сум Филип Божиновски и имам 17 години. Сакам да кажам дека ги завршив сите курсеви од проектот HP Life и можам да кажам дека сум прилично задоволен. За курсевите на HP Life дознав од моето училиште СОУ Гимназија ,,Јосип Броз – Тито” – Битола. Преку овие курсеви, се стекнав со прилично корисни и добри вештини во кои што се пронаоѓам себеси во иднина. Мојата желба е понатаму да студирам на факултет чија задача e да не запознава со вештините кои ја користат технологијата и му помагаат на човештвото. Курсевите се лесни, кратки, потполно онлајн и пред се, бесплатни. Јас лично би му ги препорачал на сите мои пријатели и познаници овие курсеви како почеток за стекнување на корисни компјутерски вештини кои можат да му помогнат на сите, пред се и на млади личности кои се заинтересирани за да основаат свој бизнис или пак да ги надградат своите компјутерски вештини. Во моментов, го завршив својот последен курс, а пак како свој омилени можи да ги издвојам курсевите за комуникација, како и курсот победнички мајндсет. Му благодарам на ИМКА и HP бидејќи пружаат услови за брз начин на изучување на корисни вештини. Јана Од моето досегашно искуство знам само дека дигиталното образование ми отвора свет на можности. Се викам Јана, доаѓам од Битола, а живеам и студирам во Франција. Имам доста напорен распоред и многу сум среќна што во моментот сум баш на вистинското место каде што имам пристап до висококвалитетни курсеви кои ми помагаат да бидам во тек со најновите трендови во мојата индустрија 3Д принтинг, сето тоа благодарение на ИМКА и HP курсевите. Имав можност да одберам дали курсот сакам да го слушам на англиски јазик или на француски и го избрав францускиот затоа што  тој избор е навистина од големо значење за мене. Курсевите се лесно разбирливи, не се долги и најважно од се е тоа што добив и сертификат за успешно завршен курс и сето тоа бесплатно! Дечки се надевам дека ќе успеете да најдете барем еден час во неделата и да го посветите само за вас и ќе се надградувате пред се како личности. ИМКА и HP ви благодарам за можноста што ми ја пруживте, се гледаме повторно тоа е сигурно! Андреа Како една од најредовните посетители во Младинскиот центар, која редовно доаѓа на разни настани и работилници, дознав и за HP life курсевите. Тоа се курсеви за дигитална писменост кои ги води Наташа од ИМКА. Научив многу нови работи кои обично би требало да ги научам на училиште, но за жал во нашето образование тоа не постои. После неколку изучени курсеви одлучив да ги препорачам на моите соученици, бидејќи сметам дека секој треба да се едуцира за основни работи, затоа што живееме во време каде што речиси се е дигитално. Исто така морам да напоменам дека секој пат кога присуствувам на било кој  курс од HP life се здобивам со познанства со други ученици, знаење и

Обука во Пловдив за НЛП: отклучување на потенцијалот на умот

Од Јове Крстески Познато е дека невро-лингвистичкото програмирање (НЛП) е методологија која ја истражува динамичната врска помеѓу јазикот, невролошките процеси и моделите на однесување. Тоа е разновиден пристап кој нуди разбирање на човековото однесување, комуникација и личен развој, а исто така и практични техники за подобрување на личниот раст, подобрување на комуникацијата и донесување позитивна промена преку разбирање на врските помеѓу мислите, употребата на јазикот и субјективното искуство на личноста. Од 31 август до 10 септември 2023 година во Пловдив, Бугарија се одржа курс за обука наречен „НЛП – Нова јазична практика“ кој се базираше на вежби од невро-лингвистичкото програмирање. Го организираше Здружението Кибела во соработка со Фондацијата Смокиња и Центарот за развој на човечки ресурси од Бугарија, а беше кофинансиран од Европската Унија. На оваа обука имаше учесници од Бугарија, Шпанија, Србија, Полска, Македонија, Латвија, Италија, Унгарија, Грција, Франција, Естонија и Чешка. Ако го резимираме она што го добивме од оваа обука, можеме да кажеме дека голем дел од основите во практиката на НЛП беа широко елаборирани на овој тренинг и имавме многу време да работиме со практичните вежби што ни беа дадени. Ако зборуваме поконкретно, во теоретскиот дел, го поминавме основниот мета-модел на НЛП (како што е објаснето од Bandler и Grinder, 1975), а потоа го елабориравме и дополнително низ „моделот од третата генерација“ на меѓусебното поврзување помеѓу физиологијата, јазикот и умствените карактеристики. Имавме можност накратко да се запознаеме со 5-те „Р“ присутни во било кој даден „сетинг“ ( Ресурсите што ги имаме и ги користиме како влез во тој „сетинг“, потоа улогите /Roles/ што се играат, односите /Relationships/ што се случуваат, правилата /Rules/ што се потребни да се следaт со цел овој да биде соодветен како „сетинг“ и на крајот како излез Резултатите што се добиваат). На овој начин, одредени улоги што треба да ги знаеме се оние кои ги учиме како поставување на триото AБЦ, каде што личноста „А“ зборува/споделува, „Б“ учи/слуша и „Ц“ набљудува. Штом ќе се воспостави даден „сетинг“ или ситуација, главната филозофија на сè е дека што и да набљудуваме, нашето толкување за таа ситуација е нешто поинакво (ова е елаборирано и како разлика помеѓу „настан“ и „приказна“ во која било дадена ситуација). Ова ни беше донесено заедно со главната идеја на НЛП дека „мапата не е територијата“. Најинтересен додаток овде беше фактот дека „најфлексибилниот дел од секој систем обично е делот кој што го контролира тој систем“. Беше спомната и калибрација на нашиот влез/излез, т.е калибрацијата на она што го доведуваме во ситуацијата, како и на она што го земаме или добиваме од неа. Ова беше рекапитулирано по неколку дена низ точки на набљудување која што ни ги дава теоријата (види флипчарт). Беа обработени и репрезентативните системи на личноста (Визуелниот, Аудитивниот, Кинестетичкиот како што се споменати во „NLP Volume 1“ од Dilts, Binder, Grinder и DeLoiter од 1980 година, но исто така и Дигиталниот беше вклучен во обуката.) Беше спомната и техниката eye accessing cues. Од попсихолошка гледна точка беше претставена шемата за тоа колку свесното/несвесното може да се гледа низ однос на тоа што е компетентност и неспособност, а покрај тоа беа елаборирани и „претпоставките“ во однос на информациите што се имплицитни во комуникацијата што се случува во било кој даден сетинг. Следен дел од обуката беше истражувањето на тоа каков треба да биде правилниот став на тренерот, како и компетенциите што треба да ги поседува (види флипчарти), околу кои се водеше дискусија. После тоа, обуката ни понуди многу простор за вежбање. Формиравме триа и имавме шанса да ги видиме, а подоцна и да експериментираме со неколку практични алатки. Беа понудени неколку техники за разговорни вежби (backtracking, lazy coach, рефлексија на чувствата, ткн „слободно пукање“ на прашања) кои се користат за време на дијалогот и помагаат да се овозможи одредена објективност. Потоа, се запознавме со техниката „хопонопоно“. Исто така, имавме специфичен инструктор кој ни даде можност да го вежбаме гласот, тонот и вербалните изрази. Со ова, целата застапеност на ВАК кај учесниците беше задоволна, бидејќи користевме многу шеми во флипчарти за објаснување – за Визуелците, ова со гласовна обука – за Аудитивците, а целиот сет на посветен простор и време за вежбање беше – за Кинестетските/ Дигитални личности. И секако, беа присутни и потипичните пракци на НЛП; рапортот, закотвувањето /anchoring/ и реформулирањето /reframing/. Беше објаснето и како можеме да користиме временска линија /timeline/ како техника за елаборирање на лични прашања, а исто така еден од учесниците понуди техника за работа со нашите лични ограничувачки верувања. Невро-лингвистичкото програмирање нуди ризница на практики и техники за подобрување на комуникацијата, управување со емоциите и трансформирање на нечија перспектива за животот. Многу од практиките на НЛП ги поттикнуваат поединците да се поврзат подлабоко со другите, да преземат одговорност за нивните емоциионални реакции и да се ослободат од ограничувачките верувања. Со вклучување на овие практики во нивните животи, поединците можат да тргнат кон личен раст, самооткривање и подобрени односи, на крајот ослободувајќи го својот целосен потенцијал. Ова е точно и корисно во психотерапевтски контекст, но и на полето на младинската работа. Многу од техниките може да се модифицираат за да послужат како алатки за зајакнување на младинските работници. Тоа секако ми помогна да научам повеќе и да станам посвесен за корисноста на дијалошките техники и користа што ја имаат во однос на меѓусебниот работен контекст помеѓу младинските работници и младите луѓе, особено ако имаме предвид дека младата возраст е возраст на личен развој. Сите техники кои носат повеќе појаснување ВО РАЗГОВОРОТ се од корист. Но, исто така, оваа обука обедини толку многу учесници од различни возрасти и животни искуства, тоа беше мешавина која беше корисна и додаде повеќе во групно учење што сите го имавме. Се чувствував задоволно на крајот и уживав во овој тренинг, кој ми помогна да видам колку сите овие техники можат да бидат корисни за работа со младите луѓе.

Вклучи се во ИМКА

Дали сте млад човек полн со страст и желба да направите позитивно влијание врз нашата заедница? Приклучувањето кон ИМКА е можност да ги негувате вашите соништа, да ги развиете вашите лидерски вештини и да бидете дел од разновиден, мотивиран тим посветен на младинската работа и развојот на заедницата. Сведоштвата од нашите корисници и личните искуства со нив се доказ за влијанието на нашите програми што го менуваат животот. Значи, придружете се, бидете дел од нешто значајно и помогнете ни да ја обликуваме иднината на нашата заедница. Вашата енергија и ентузијазам се движечката сила што ни е потребна за да ја поттикнеме нашата мисија напред. Заедно, можеме да направиме разлика. Придружете ни се во ИМКА каде што вашето патување започнува со цел и завршува со наследство. Секако, во рамките на нашата ИМКА, младите луѓе можат да се вклучат во различни улоги, а секоја нуди уникатни можности за личен раст и влијание во заедницата: Корисник: Младите можат да учествуваат во нашите различни програми и иницијативи насочени кон личен развој, градење вештини и ангажман во заедницата. Тие имаат корист од нашите кампови за образование на отворено, работилници и проекти фокусирани на младите, стекнувајќи вредни искуства кои помагаат да се обликува нивниот карактер и иднина. Волонтер: Волонтерите играат клучна улога во нашата организација. Можете да придонесете со вашето време, вештини и страст за поддршка на нашите програми, настани и проекти. Без разлика дали помагате во организирање кампови, водење работилници или учество во иницијативи за урбан велосипедизам, вашата посветеност како волонтер помага нашата мисија да стане реалност. Младински лидер: Ако сте особено ентузијастични за младинска работа и развојот на заедницата, можете да зачекорите во лидерска улога во нашата ИМКА. Младинските лидери преземаат одговорности како што се менторство, организирање проекти предводени од младите и застапување за позитивни промени во Битола. Вашето лидерство ќе ги инспирира другите и ќе поттикне позитивни промени во заедницата. Застапник: Надвор од директното вклучување, младите можат да станат поборници за нашите иницијативи, како „Битола наТочак“. Искористете го вашиот глас и енергија за промовирање на велосипедската и пешачката инфраструктура, ангажирајте се со политичарите и подигнете ја свеста за важноста од инвестирање во поздрава, поодржлива иднина за Битола. Амбасадор: Ако сте желни да се поврзете со македонската дијаспора и поединци во странство кои ја споделуваат нашата визија, можете да станете амбасадор на ИМКА. Допрете до општествено одговорни поединци и корпоративни партнери кои се подготвени да ја поддржат нашата мисија и да инвестираат во младите од Битола и Македонија. Без разлика која улога ќе ја изберете, нашата ИМКА обезбедува платформа за да учите, да растете и да бидете дел од нешто поголемо. Имате можност да влијаете на животите, да инспирирате промени и да создадете поживописна и поврзана заедница. Придружете ни се во обликувањето на иднината на Битола и Македонија преку вашето вклучување во ИМКА. Јавен календар на настани кои ги организираме, ко-организираме или на кои учествуваме.