Стратешки состанок на ИМКА во Западен Балкан

Од 23 до 26 септември имавме можност да присуствуваме на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан. Оваа иницијатива е поддржана од ИМКА Европа, ИМКА САД и ИМКА Германија за ИМКА во Косово, Македонија, Албанија и Србија.
Овој состанок организиран од ИМКА Србија во Нови Сад се фокусираше на одржливоста со релевантна агенда која ги опфати следните главни теми:
- Приказ на тековни програми и развој на ИМКА Србија
- Извештај за напредокот за 2023 година: Србија, Македонија и Косово
- Тековен работен план за регионот на ИМКА (мерење на влијанието)
- Преглед на успешни приказни и предизвици на Бугарија, Италија, Романија и Косово во управувањето со имот
- Најдобри практики од ИМКА Германија водење хостели
- Сеопфатно прибирање средства за капитални инвестиции
- Можности за финансирање од ЕУ и Еразмус+
Состанокот е продолжение на претходните состаноци на Западен Балкан во проширен тим со гости од ИМКА Бугарија, Романија и Италија. На хибридните сесии присуствуваа и претставници на ИМКА САД и ИМКА Германија.
Ова партнерство ја нагласува важноста на заедничките цели и соработката помеѓу ИМКА, без оглед на локацијата, за поттикнување влијателна работа низ Европа.
Беше претставен напредокот на Акциониот план на регионот 2023-2025 година создаден за да овозможи соодветен раст на ИМКА од Западен Балкан. Акцискиот план има за цел да ја подобри состојбата во 3 клучни области: програми за млади (подобрување на квалитетот на програмата, допирање до повеќе млади луѓе), добро владеење (подобрување на управувањето, структури, транспарентност, финансиска дисциплина и воспоставување политики за добро однесување) и самоодржливост (изградба значајни партнерства, програми за генерирање приходи, стратегии за прибирање средства и сигурни капитални инвестиции како стратешка цел за одржливост).
Овој настан беше одлична можност да се соберат колеги од различни ИМКА организации да споделуваат, да учат едни од други, да сонуваат, да се инспирираат, да поставуваат тешки прашања, да споделуваат предизвици и заедно да изградиме мостови на надеж, соработка и дружење.
Голема благодарност до ИМКА Србија за неверојатното гостопримство во прекрасниот Нови Сад!