Play4Peace Camp во Косово

Од 1 до 6 јули, тим од 8 луѓе од нашата ИМКА присуствуваше на младинскиот проект Play4Peace во Пеќ, Косово заедно со 20 други млади луѓе и младински работници од Србија, Косово и Италија, обединети за градење мир преку спорт.
Овој проект вклучуваше 5-дневна програма каде преку различни спортски активности и работилници, учесниците стекнаа длабоко разбирање за критичната улога на младите во напорите за градење мир и помирување. Play4Peace беше интерактивен настан со дискусии, домашни групи, лични размислувања, активности и игри кои може да се применат во секоја организација. Покрај едукативните активности, учесниците имаа можност да посетат 3 града, каде беа поделени во тимови вклучени во бројни активности за градење тимови како што се Escape Room, Photo Challenge и интеркултурна вечер. Во продолжение, неколку сведоштва на некои од нашите учесници:
Филип
Имам само позитивно мислење за проектот. Очекувањата што ги имав беа големи, па мило ми е што после сето тоа беа исполнети. Додека бев таму, научив многу за тоа што е мир како концепт и како да го пренесам во мојата околина. Навистина сум благодарен за можноста да учествувам.
Андреа
Како за прв пат на проект, многу се забавував. Научив многу работи и игри и запознав многу нови луѓе. А особено сум среќна што се зближив и подобро се запознав со сите од мојата група и што имав непријатни моменти, но во исто време и смешни ситуации кои ми го направија искуството уште поубаво.
Теодора
Во изминатата недела, ИМКА ни обезбеди проект и дружба што ние како учесници не ги очекувавме. Овој проект за мене беше голем предизвик и проучување на мене и на луѓето кои беа околу мене. Активностите кои ни беа доделени на сесиите оставија траен впечаток кој верувам дека ќе го применуваме во нашето секојдневие и во иднина. Запознавањето со нови култури и пријатели, нивната отвореност и искреност ми остави силен впечаток. „Play4Peace“ е проект кој не натера емотивно да се отвориме за нови работи, да знаеме како да се почитуваме и што значи пријателство. Нема погрешни одговори, постои само проучување на нови предизвици и авантури кои го чекаат секој поединец. Силно им препорачувам на сите оние кои сакаат да учат нови работи да станат дел од младинскиот тим на ИМКА.
Димитриј
Имам само позитивни впечатоци за проектот во Косово. Моите очекувања беа надминати. Проектот ни овозможи да се запознаеме и да работиме заедно со млади луѓе од Косово, Србија и Италија. Заедно разговаравме на теми за мир и преку спортски активности, да го примениме наученото.
Лора
Проектот во Косово во кој учествував ми остави голем впечаток бидејќи бев воодушевена од нивното гостопримство, нивниот професионален пристап кон дадената обврска, начинот на реализација на проектот, како и пренесувањето на главната порака до секој од учесниците. Активностите што беа спроведени треба да се применуваат во секојдневниот живот бидејќи имаат позитивно влијание врз секој од нас во стекнување нови знаења за другите култури, нивната историја и формирање на нови пријателства кои верувам дека ќе бидат трајни, учење што е мир и како да се игра за мир. Доколку добиете шанса да учествувате во ваков проект, пријавете се без размислување и подгответе се за незаборавно искуство кое ќе биде трајно врежано во вашите срца и сеќавања.
Лука
Имам многу добри впечатоци од мојата прва младинска размена и можам да кажам дека ги надмина моите очекувања. Кога првпат слушнав за оваа размена, сакав да одам да искусам нешто ново во нова земја, да одам на ново место и да запознам нови пријатели.
Додека учествував бев многу среќен бидејќи проектот беше поврзан со спортот. Многу сум благодарен на ИМКА за идејата да се запознаат младите од Косово, Србија и Италија преку спорт, тимска работа, преку заедничко учество. Запознав многу добри пријатели од други земји со кои сè уште комуницирам, од кои научив многу за нивните земји, нивната култура, нивната религија итн. Активностите ги препорачувам на секого бидејќи се поврзани со здрав живот и можат да придонесат за ментално да се подобруваме. Помладите поединци ќе имаат најголема корист затоа што се развиваат и им треба добар пример како да растат и да се развиваат, само имајте доверба, не плашете се да се изразувате и знајте дека можете да најдете пријатели од друга земја.