Од идеи до акции: дигитални центри, игри и влијание во заедницата

Настанот „Од идеи до акции: дигитални центри, игри и влијание врз заедницата“, чиј домаќин беше ИМКА Словачка, беше супер можност за нас, да бидиме дел од претставниците на 22 национални движења, да се поврзиме со партнери од технолошкиот сектор на нашето европско движење, како HP, Accenture и Microsoft.

Почнувајќи од 2023 година, ги здруживме силите со HP Inc. за да ги опремиме младите со алатки и дигитални вештини што им се потребни за да бидат подготвени за иднината на работните места – како и да бидеме дел од мисијата на HP Inc да го забрза дигиталниот капитал за 150 милиони луѓе до 2030 година.

Оваа заедничка мисија е дизајнирана да ги истражи можностите за имплементација на решенија за дигитално образование и вештини во нашите заедници, доближувајќи ја технологијата до корисниците, промовирајќи дигитално вклучување и олеснување на употребата на дигиталната сфера како алатка за младинска работа, комуникација и ангажман во заедницата.

Среќни бевме за учеството на говорници од висок профил како што се Директорот за Централна и Источна Европа во HP Inc, лидерот за партнерства и програми за социјално влијание во HP Inc, Директорот за одржливо влијание за глобалните комуникации во HP Inc, дигиталниот корпорациски менаџер на HP Accenture Словачка, Директорот за вештини за социјално влијание во западна Европа во Мајкрософт, како и претставник од Министерството за образование – Словачка. Низ неколку панел дискусии тие одржаа инспиративни сесии за дигитална рамноправност, вештачка интелигенција, игри како можност за развој на вештини и дигитални центри како столбови на заедницата, обезбедувајќи им на нашите претставници на националното движење непроценлива експертиза и иновативни чекори за спроведување низ Европа.

Овој настан беше значаен чекор кон премостување на јазот помеѓу технологијата и развојот на заедницата. Со здружување на претставници на ИМКА и експерти од индустријата, настанот поттикна соработка, споделување знаење и стратешко планирање за дигитално вклучување.

Сега, покрај користењето на технологијата на HP со HP LIFE платформата, ИМКА ќе го имплементира решението HP Gaming Garage, водечка програма за едукација за игри и создавање дизајнирана да ги поттикне вештините за програмирање, дизајн и прототипови.

Со пристап до курсевите за сертификати за професионален менаџмент на еспортови и развој на игри, младите ќе имаат пристап до преносливи вештини за идни работни места во секторите бизнис, медиуми и ИКТ. Дизајниран од водечки универзитетски професори за HP Inc и хостиран на edX, HP Gaming Garage нуди бесплатен пристап до 82 модули, достапни на англиски јазик со преводи на 11 дополнителни јазици.

За време на оваа дводневна работилница, сите учесници беа поканети на предизвик за дизајнирање проектна идеја за тоа како да се започне Gaming Garage во нашите центри, а најдобрите три идеи би биле претставени и финансиски поддржани за имплементација.

Многу сме среќни што нашата идеја „Pay it Forward “е меѓу трите победнички идеи и наскоро ќе почне да се имплементира од нашата ИМКА и ИМКА Албанија.

Благодарност до сите партнери и ИМКА Европа за сета поддршка што им ја нудите на нашите центри и можности што им се нудат на младите луѓе и заедниците.

Digital Workshop Bratislava - Photo by Ian McKenzie  (146)
Повеќе фотографии може да видите во Албумот.