Историја

ИМКА е дел од големото светско семејство ИМКА распространето низ 119 земји, кое вклучува над 58 милиони луѓе.

Нашата историја низ годините

2001-2003

Започнавме како неформален младински клуб, градејќи односи со ИМКА Скопје кои се основаа во 1999 година. ИМКА е основана во Битола на 31.05.2002 година. Започнавме со работа на скромни иницијативи, како што се планинарски екскурзии, рекреативни натпревари во пинг-понг итн.  Во 2003 година во Националниот парк Пелистер организиравме камп за млади од ИМКА од Данска и Македонија. Балканскиот камп во Нимфео, Грција беше една од првите активности со големо влијание, нудејќи им на нашите учесници можности за кампување и образование на отворено. Овој камп работеше 10 години воден од меѓународен тим на кампери алумни од балканските ИМКА.

2004-2006

Развивме неколку младински програми во кои беа вклучени локални млади волонтери како што се: Y-Movie, групата за жонглирање со оган Acid Triple, Y-Comics, билтенот NotifY. Во овој период успешно го организиравме првиот поголем меѓународен настан Balkan Leadership Training #3 за 80 учесници и Balkan Program Festival – Balkan Mosaics со ИМКА Европа со повеќе од 130 учесници од многу земји низ Европа.

2007-2012

Се приклучивме на Меѓународната Синерџи мрежа за обуки за личен развој. Нашиот тим на ИМКА повеќе се фокусираше на кампови и програми за обука на отворено и почна да посетува различни видови работилници на отворено, обуки за личен развој и стекна многу активни следбеници во наредните години. Организиравме неколку изданија на Балканските Лидерски Обуки во Македонија заедно со ИМКА Европа. Во 2010 година почнавме да работиме со Европскиот Волонтерски Сервис, соработка со Мировниот Корпус преземајќи одговорност за развој на летниот лидерски камп за момчиња YMLP (Young Men’s Leadership Project), се приклучивме на Коалицијата на младинска организација СЕГА проследено со бројни активности во областа на младинското учество и правата на децата до 2016 година. Во 2011 година станавме национална канцеларија на ИМКА во Македонија.

2013-2015

Во 2013 година, ИМКА ја доби државната годишна награда за иновативни практики во работата со волонтери. Во 2014 и 2015 година организиравме и коорганизиравме неколку меѓународни обуки како дел од младинската програма на ЕУ “Youth in Action”. Станавме дел од програмата за млади лидери “Change Agents” на Светската ИМКА, Заедно со други дваесет младински здруженија, го основавме Сојузот за младинска работа со цел препознавање на младинската работа и младинските работници како професија во земјава. Во 2015 година ја проширивме успешната соработка со Мировниот корпус во насока на зајакнување на летниот лидерски камп за девојки GLOW (Girls Leading Our World) по успешната работа на летниот лидерски камп за момчиња YMLP (Young Men’s Leadership Project). Покрај тоа, нашата камп програма понуди бројни можности за учење кампови во неколку меѓународни кампови во Холандија, Франција, Германија итн.).

2016-2022

Работевме на нашата клучна програма за развој на млади GLOW-YMLP која во 2017 година ја надградивме работејќи на национална мрежа на младински клубови на алумни кампери. Развивме одлични партнерства со корпоративниот сектор за поддршка на нашите младински програми. Ни беше доделена Национална награда за филантропија. За тоа време, заедно со нашите партнерски организации, ја основавме Програмата за кампови на ИМКА Европа што ја инициравме неколку години претходно. Се приклучивме на Глобалната неформална мрежа за образование на отворено и Мрежата за финансиска одржливост. Во 2021 година, ИМКА беше дел од првата државно сертифицирана процедура за признати (во рамките на законите на нашата земја) младински работници. Учествувавме и во заедничките напори за формирање локален младински центар во општина Битола.

Прочитајте за денешната работа.