Промоција на безбедна училишна средина

Во декември како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, ИМКА одржа серија од три работилници во основното училиште во Општина Могила. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е обемен проект на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Smart Up – Лабараторија за социјални иновации како и со поддршка од Детската фондација Песталоци. Се спроведува во периодот од септември 2023 до август 2026 година.

Проектни активности

Целта на овие работилници беше да се изгради капацитетот на детската организација за да може да спроведе училишни иницијативи кои можат да придонесат за градење побезбедна училишна средина. На работилниците присуствуваа претставници на учениците од повисоките класови, вклучувајќи ги сите претседатели на класовите, нивните заменици и детскиот правобранител на училиштето, на возраст од 12 до 15 години.

Почнавме прво да ги подобруваме комуникациските вештини на студентите, да ги запознаеме со концептот на истражување и да им понудиме можност да вежбаат со цел подлабоко разбирање на сè што опфаќа истражувањето. Како дополнителна активност тие мораа да спроведат истражување во нивното училиште, вклучувајќи анкети, прашалници или интервјуа. На последната работилница тие ги разгледаа резултатите и ги оценија во насока да ги разберат и да излезат со релевантни училишни иницијативи. За таа цел за прв пат се запознаа со елементите на проектна иницијатива (што значи проект, кои се фазите на проектниот циклус итн.). Учениците се стекнаа со основни познавања од овие теми кои ќе им бидат корисни во следната фаза од овој проект во пролет 2025 година.

Ученичка иницијатива

Иницијативата за отворање безбедно катче за учениците ќе се реализира во второто училишно полугодие. Планирано е ова катче да биде во самиот училиштен ходник кое ќе се состои од 5-6 вреќи за седење и неколку маси каде учениците ќе имаат можност да разговараат со психолог за проблемите во нивното секојдневие. На самиот ѕид ќе имаат можност да исцртаат мотивациони пораки, кутија оставена за пофалби и поплаки каде ќе можат анонимно да ги пријават своите забелешки за училиштето, вработените во училиштето, нивните проблеми и слично. Целта на иницијативата е дека ќе го подигне нивото на безбедност кај учениците, стручната служба и училишниот персонал и оваа иницијатива ќе придонесе за подобра училишна средина за оваа генерација ученици.

Safe Schools
Повеќе фотографии може да видите во Албумот.