Младинскиот Центар низ бројки 2024

Во мај 2023 година, во Битола беше отворен Младинскиот центар, се со цел да обезбедиме безбеден и инклузивен простор преку различни програми, активности и менторство, каде што имаме за цел да го поттикнеме личниот развој, да негуваме лидерски вештини и да создадеме чувство на припадност кај младите.

Со Младинскиот центар раководат 3 младински организации од Битола, ИМКА Сфера Интернационал и МКЦ.

После успешно поминатата 2023 година, со вкупно опфатени 2 651 корисници и повеќе од 200 одржани активности, продолжи работата на младинскиот центар со уште поголем ентузијазам и желба за што поголем број на учесници и активности.

Во однос на осумте претходно поставени конкретни цели на овој центар, се понудија програмски активности кои во голема мера се исполнети. Овозможен е безбеден простор каде младите можат да си го поминуваат своето слободно време, да ги развиваат своите компетенции, да им се поттикне претприемачкиот дух, промовирани им се здрави животни навики, како и подигање на еколошката свест, информирање за можностите за неформално образованиe, зајакнување на активното граѓанство и промовирање на волонтерството.

Во периодот на известување од 01 јануари до 31 декември 2024 година:

– беа опфатени 4,469 корисници преку 300 различни активности, од кои голем број од нив се одржуваа повеќекратно.

Активностите беа понудени од страна на младинските работници на МЦБ или од различни понудувачи на младинска работа, односно над 15 различни понудувачи за младинска работа ги користеа просторите на Младинскиот Центар Битола за да ги остварат своите активности.

Најпосетувани теми беа: дигитално образование, ментално здравје, животна средина, младинско учество и младински политики како и забавните/друштвени активности.

Би сакале да издвоиме две програмски активности, водени од ИМКА:

Резултатите од работата на МЦБ во периодот од 01 јануари до 31 декември 2024 година се доказ на посветеноста за континуирано работење и организирање активности со цел професионален и личен развој на младите во Битола, како и за поттикнување на нивно учество во донесувањето одлуки значајни за нив во нивната локална заедница.

Успехот на програмите е очигледен најмногу преку континуираното зголемување на бројките на посетеност на активностите на младинскиот центар, со што во годишниот период за 2024 година се достигнати поголеми бројки од вкупните посетители во минатата 2023 година. Тоа е резултат на посветеноста на организациите кон унапредување на МЦБ и зголемување на неговата препознатливост кај младите.

Целосниот годишен извештај на младинскиот центар на македонски јазик е достапен на веб-страницата на Младинскиот центар.