Сведоштва од Програмата за дигитално образование на YMCA+HP за 2024

Андреа

Како една од најредовните посетители во младинскиот центар која редовно доаѓа на разни настани и работилници дознав и за HP life курсевите. Тоа се курсеви за дигитална писменост кои ги води Наташа од ИМКА. Научив многу нови работи кои обично би требало да ги научам на училиште, но за жал во нашето образование тоа не постои. После неколку изучени курсеви одлучив да ги препорачам на моите соученици, бидејќи сметам дека секој треба да се едуцира за основни работи, затоа што живееме во време каде што речиси се е дигитално. Исто така морам да напоменам дека секој пат кога присуствувам на било кој курс од HP life се здобивам со познанства со други ученици, знаење и самодоверба. Омилена категорија ми е комуникации.

Лука

Јас сум задоволен од овие курсеви затоа што сега е модерно време во кое секој треба да има разбирање за технологијата, онлајн бизнис и уште многу други работи. Јас сум многу благодарен на ИМКА за тоа што го објавија повикот за HP курсеви затоа што се многу корисни за помладите. Јас веќе некое време одам на овие курсеви и можам да кажам дека мене многу ми се допаѓаат и ми користат. Сакам и да ја пофалам Наташа Дарков која е наш едукатор и е секогаш спремна за да ни објасни и образложи дел од курсот кој не ни е јасен. Овој курс го споделувам со моите пријатели и соученици дека е многу корисен и се надевам дека ќе им се допадне бидејќи е многу корисен во ова време. Во иднина планирам да ги изучам сите курсеви од сите теми од кои како најкорисна би ја издвоил од темата маркетинг.

Марко

Имам 17 години и овие курсеви од ХП ми беа претставени во Младинскиот центар каде што редовно волонтирам. Многу ми е мило што започнав да ги посетувам овие курсеви, затоа што добив знаење за различни аспекти од ИТ светот. Мислам дека овој начин на добивање на некои нови вештини преку вакви курсеви треба да се примени во образованието затоа што кога јас можам да добијам толку знаење, секој друг треба и заслужува да добие. Курсевите можат многу да помогнат и би ги споделил со повеќе мои пријатели.

Давид

Јас сум Давид, ученик во втора година во гимназијата САБА на смерот бизнис. Нашето училиште секогаш покажува интерес во неформалното образование и затоа веќе втора

година имаме соработка со ИМКА за курсевите кои ги нуди поддржани од HP Life. Јас ги посетувам овие курсеви со голем дел од моите соученици како би го збогатиле своето знаење за дигитален маркетинг. Знам дека иднината лежи во дигиталното образование и затоа со голема посветеност ги изучувам сите курсеви. Би ги препорачал на сите млади, да ја искористат оваа бесплатна можност и знам дека доколку дојдат барем еднаш, дигиталниот хаб на ИМКА ќе им стане едно од омилените места во нашиот град.

Лина

Јас сум Лина, втора година на насока бизнис во гимназијата САБА и исто така веќе втора година ги посетувам курсевите на HP овозможени од ИМКА во нашиот град. За овие курсеви дознав преку нашето училиште кое секогаш е расположено да ни предложи и овозможи дополнителни знаења како би се надоградиле повеќе за нашата иднина. Темата дигитален маркетинг ми е омилена, но секако дека уживам и во новите курсеви од темата за дигитални бизнис вештини кои се многу поврзани со моето моментално образование. Во иднина би сакала да студирам на студии поврзани со бизнис и знам дека знаењето добиено за дигиталниот маркетинг ќе ми биде од голема важност. Го препорачувам на сите мои соученици и пријатели, ова е одлична можност за нас и би било штета доколку не го искористите.

Прочитајте повеќе за оваа програма тука.

One Response