Европска недела на мобилност

Европската недела на мобилност, која се оддржува од 16 до 22 септември секоја година, оваа година опфати 2 767 градови од 45 земји.

Како и секоја година, така и оваа ИМКА ја обележува европската недела на мобилност #EuropeanMobilityWeek со цел подигање на јавната свест на младите, сите граѓани и носителите на одлуки за важноста на алтернативните начини на движење со цел активен животен стил, поздрави граѓани и средини и намален метеж и загадување. Темата на овогодинешната кампања беше споделени јавни простори. Свесни сме дека нашите јавни простори се неправедно распределени помеѓу типовите на транспорт со доминација од над 90% на возилата. Тоа мора да се промени.

Првата средба ја реализиравме со претставници на основните училишта со цел разбирање на визијата на европската недела на мобилност. На настанот присуствуваа претставници на 7 основни училишта од нашиот град кои ја препознаа и прифатија идејата за поголем опфат на учениците, како и за подигнување на свеста кај учениците од помала возраст.

Вториот настан беше за 18 ученици од 6 основни училишта во Битола. Зборувавме за европската недела на мобилност, за точакот како превозно средство, имавме четири вежби и имавме работилница за основни безбедносни проверки и поправки од типот „направи сам“. Важно е да научат зошто сите треба да се залагаме за оваа визија и да имаме убав и одржлив град.

Во остатокот од неделата врсничките едукатори од основните училишта реализираа активности со цел споделување на овие знаења за што поголем број на млади да се вклучат и дадат свој допринес во визијата за здрави, активни, мобилни и независни млади. Образованието за сообраќајна култура и вело агенда ги опфати основните училишта Св.Климент Охридски, Др.Трифун Пановски, Стив Наумов, Елпида Караманди, Тодор Ангелевски и Коле Канински.

Благодарност до училиштата, кои се заинтересирани за реализација на вакви активности, до училишниот персонал без кој ваквите активности не би биле можни, до врсничките едукатори кои ни се придружија, учествуваа, научија нешто корисно и кои реализираа активности во своите училишта на оваа тема. Активностите за врсничка едукација се од голема важност, како за самиот град за популаризација на

темата, така и за запознавање на преземање на одговорности од учениците. Благодариме до здружението Go Green – Биди Зелен и продавницата и сервис за точаци Fikamago Bike за поддршката!

European Mobility Week
Повеќе фотографии може да видите во Албумот.