Сведоштва за кариерно насочување со ПрофилПАСС

Ангела, средношколка
Додека учествував се чувствував слободна за да споделам она што сакам да изјаснам за себеси, и бев осигурана дека преку оваа метода ќе добиев насока која одговара за мене, и притоа би можела да научам нешто ново за себеси. Најпријатен дел од активноста беше приватноста што ја имав додека учествував во активноста. Бидејќи имав сесии кои беа еден-на-еден, се чувствував слободна, и не бев под никаков стрес. Во текот на цел процес за себе научив дека сум алтруистичен човек кои има големи аналитички и инжинерски способности, и преку средбите исто така добив и насока како да се градам себеси како личност понатаму. Бидејќи јас немав посебна идеја за онаа што да направам понатаму кога ќе го почнам мојот кариерен живот, активноста посебно ми поможи за да можам да истражам и да одлучам какви работни места мене би одговарале на мене според моите искуства и способности.
Верувам дека оваа не би можела сама да го направам со еднаква ефикасност ако не учествував во оваа активност. Исто така добив насока за какви работни места да истражувам според мојте искуства, способности и интереси, и исто така добив насоки за како да го збогатам моето CV и верувам дека работите што ги научив за време на оваа активност ќе ги применувам во текот на целиот живот. Во минатото имав многу голем стрес бидејќи верував дека нема сигурни кариерни патеки за мене, и не бев сигурна дали воопшто ќе бидам вработена во иднината. Преку оваа активност научив дека всушност има и сите имат сигурен кариерен пат, и научив дека можам и самата да го најдам својот пат и оваа активност ми беше од многу голема помош за мене, и верувам дека би била од голема помош за тие околу мене.
Мислам дека за оваа методологија најмногу би имал корист младите во средно образование кои се уште не се сигурни што да направат понатаму после средното образование, на пример на кој универзитет да одат во полнолетноста. Мислам дека има многу млади кои се несигурни во себеси или во идејата што ја имат од нивниот иден професионален живот и дека оваа активност би имала голема корист кај нив.
Моето искуство беше корисно за мене и ми поможи за да можам понатаму да се развивам во животот, така што немам никакви несигурности во себе дека нема кариера за мене и за мене беше многу важно тоа што моите сесии беа во приватна, тивка просторија, каде можев да разговарам еден-на-еден и притоа да немам никаков притисок дека треба да се искажам на одреден начин или дека морам да ги сокријам моите грижи за иднината.
Наташа, младински работник
Кога првпат дознав за методологијата ProfilPASS, бев љубопитна, но не и премногу оптимистка. Ме потсети на минатите искуства во средно училиште кога работевме со психолози за да разговараме за нашите идни образовни патишта. Моите очекувања беа скромни, но сепак решив да и дадам шанса. Сфатив дека иако работев речиси една деценија, ангажирањето во само рефлексијата и разбирањето на моите лични и професионални афинитети сè уште може да биде вредно.
Процесот поттикна искреност и отвореност од моја страна, што ми овозможи длабоко да размислувам за моите квалитети и искуства од минатото. Имаше моменти кога ми требаше дополнително време да се потсетам на одредени детали, но тоа само го направи процесот позначаен. И покрај моето долгогодишно искуство како младински работник, волонтер и координатор на волонтери, открив нови сознанија за себе. Оваа активност ми помогна да ги потврдам моите силни страни, да ги препознаам областите за раст и да се чувствувам посигурна во мојата кариера.
Генерално, сметам дека ова искуство беше корисно за мене. Тоа не само што ја подобри мојата самосвест, туку ми даде и практични алатки, како детален документ кој ги сумира моите резултати, кои можам да ги користам за личен и професионален развој. Би ја препорачала методологијата ProfilPASS на средношколците кои се подготвуваат за факултет или на млади луѓе кои не се сигурни за насоката на нивната кариера.
Андреа, средношколец
На почетокот и немав некое големо очекување но имав чувство дека оваа активност како да ми е нависитна потребна. Оваа активност не само што направи да се запознаам себе си, исто така ми овозможи да ги сознаам сите мои способности, вештини и особини, на мојот карактер. Што навистина ми помогна понатаму како и во личниот така и во пофесионалниот раст.
Како за пример после оваа активност постепено заприметував како полесно сколпувам нови соработки, познанства како и полесно пристапвам на нови искуства.
И навистина ја препорачувам оваа активност на секо,ј но најмногу на младите лица кои сеуште не се познаваат доволно добро и верувам дека ќе им помогне како што ми помогна и на мене.
Лука, средношколец
Очекував дека ќе ми се допадне и ќе ги исполни моите очекувања, и тоа се оствари, навистина ми се допадна многу бидејќи беше многу корисно за мене. На некој начин научив повеќе работи за мене и ми беше интересно, но најмногу ми се допадна делот кога се консултирав со психологот Јове за мојот живот, бидејќи бев отворен и искрен, исто така и за моите интереси за во иднина, како важен дел за секој млад човек. За професионален раст не можам да потврдам, затоа што сум млад сеуште но знам дека сигурно ќе ми биде од корист. Применливи се за секојдневниот живот, како на пример кревање самодоверба кај младите, и затоа разговорите со психолог на овие теми се многу корисни да се започнат од млада возраст. Оваа активност и методологија ја препорачувам на младите кои сакаат да се запознаат повеќе самите себеси, да откријат во што се добри и што сакаат да работат и да се занимаваат во иднина. Многу интересно и корисно искуство, и доколку имам можност повторно би ја поминал оваа активност во иднина, за да можам да ги споредам со минатите резултати. Исто така, би сакал да се заблагодарам на YMCA Битола за оваа активност, да продолжи да нуди вакви бесплатни можности за младите од Битола и околината.