Play4Peace Камп во Косово
Од 1ви до 6ти јули група од 8 учесници од нашата ИМКА организаицја присуствуваа на младински проект во Пеќ, Косово заедно со околу 20 млади и младински работници од Србија, Косово и Италија обединети околу градење на мир преку спорт како методологија. Овој проект опфаќаше 5-дневна програма, каде преку разновидни спортски активности и работилници, учесниците стекнаа длабоко разбирање за критичната улога на младите во напорите за градење мир и помирување. Play4Peace беше интерактивен настан со дискусии, групна работа, споделување на лични согледувања, активности и игри што може да се применат во секоја организација. Покрај едукативните активности на учесниците им беше овозможена посета на 3 градови каде што поделени во тимовибеа вклучени во бројни тим билдинг активности како escape room, photo Challenge, интеркултурна вечер. Во прилог следуваат сведоштва на дел од нашите учесници: ФилипЈас за проектот имам само позитивно мислење. Очекувањата кои ги имав беа прилично високи, па драго ми е дека после сето тоа, тие се исполнија. Додека бев таму научив доста за тоа што е мир како концепт, па и како да го пренесам истиот во моето опкружување. Навистина сум благодарен за шансата за учество. Андреа Како за прв пат на проект си поминав доста забавно. Научив многу работи и игри и запознав многу нови личности. И посебно сум среќна на тоа што се зближив и подобро запознав со сите од мојата група и што навистина имав некои непријатни ситуации, но истовремено и смешни кои ми го направија целокупното искуство уште поубаво. ТеодораИМКА во изминатата недела ни овозможи проект и дружење каков што ни самите ние учесници не очекувавме. Овој проект за мене беше еден голем предизвик и проучување на самата себе и луѓето кои беа околу мене. Преку активностите кои ни беа зададени за време на сесиите оставија траен печат по кои верувам во иднина ќе ги примениме во секојдневието. Запознавањето на нови култури, пријатели, нивните отворени размислувања и искреноста, ми оставија силен впечаток. “Play4Peace” е проект кој не натера да се отвориме емоционално кон нови нешта, да знаеме како да се почитуваме меѓусебно и што навистина значи пријателство. Погрешни одговори нема, има само изучување на нови предизвици и авантури кои ги чека секоја една индивидуа. Топло препорачувам сите оние кои се љубители за изучување на нови нешта да станат дел од младинскиот тим на ИМКА. ДимитријЗа проектот во Косово имам само позитивни впечатоци. Моите очекувања беа надминати. Проектот ни дозволи да се запознаеме и заедно да работиме со млади од Косово, Србија и Италија. Заедно дискутиравме на теми за мирот и преку спортски активности. ЛораПроектот во Косово на кој учествував ми остави голем впечаток со тоа што бев воодушевена од нивното гостопримство, нивното професионално пристапување кон зададена обврска, начинот на реализирање на проектот, како и пренесување на главната порака на сите учесници. Активностите кои беа реализирани треба да бидат применети во секојдневниот живот затоа што тие имаат позитивно влијание врз секој од нас за стекнување нови сознанија за други култури, нивната историја, формирање на нови пријателства кои верувам дека ќе бидат трајни, па се до изучување на тоа што е мир и како да се игра за мир. Доколку добиете шанса да учествувате на ваков проект, без размислување пријавете се и подгответе се за незаборавно искуство кое трајно ќе ви биде врежано во вашите срца и сеќавања. ЛукаИмам многу добри впечатоци како моја прва младинска размена и можам да кажам дека и ги надмина моите очекувања. Кога прво слушнав за оваа размена сакав да одам да искусам нешто ново во нова држава и да одам на ново место и да запознам нови пријатели. Додека учествував бев многу среќен затоа што проектот беше поврзан со спорт. Многу сум благодарен на ИМКА за идејата да се запознаеме со младите од Косово, Србија и Италија преку спорт, преку тимска работа, преку заедничко учество. Јас запознав многу добри пријатели од другите држави со кои уште комуницирам, од кои научив многу за нивните држави, за нивната култура, нивната религија и сл. Овие активности ги препорачувам на секој затоа што се поврзани со здрав живот и може да придонесе и психички да се подобриме. Најголема корист ќе имаат помладите поединци бидејќи се во развој и им треба добар пример за на каков начин да растат, да се развијат, да имаат само доверба, да не се плашат да се искажат и да знаат дека можеш да најдеш пријатели од друга држава.