Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење сопствена биографија, за личен и професионален развој, патување и помагање на заедницата во исто време.
Зависно од потребите на ИМКА во даден момент вообичаено нудиме повеќе волонтерски позиции:
- Вклучување во волонтерски активности и акции на јавен простор
- Административна поддршка за настани или во канцеларија
- Логистичка поддршка за настани
- Мултимедијална поддршка тековно и за настани
- Дигитален маркетинг за промовирање на активностите
Доколку имате волја за волонтирање зависно од вашиот интерес, мотивација, или квалификации, контактирајте не преку социјалните мрежи @ymca.mk да дознаете што моментално се случува во ИМКА и дали нудиме можност за вклучување во даден момент.
Исто така може да се приклучете на нашата локална група на Фејсбук (само за Битола).