Врсничка школа против врсничко насилство
Во септември се започна со селекција на врснички едукатори на „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! После информирање и консултација со средните училишта во Битола се започна соработката со 6 средни школи кои избраа заинтересирани ученици. Во следниот период тие поминаa серија на работилници, практична примена на знаењето и на крајот на полугодието станаа врснички едукатори. Во следниот период од два месеци, нова група на ученици подетално се запознаваа со појавата на врсничко насилство и нејзините последици, споделуваа искуства и учеа како да ја адресираат до стручните служби и возрасните и секако, подобро да ја разберат. Теми на кои посебно се задржавме се: Следните 2 работилници во одвиваа во една по поинаква атмосфера каде што учесниците најпрво преку водена медитација размислуваа за врсничкото насилство, без разлика дали им се случило нив или биле сведоци на истото, а потоа преку уметност сето тоа беше изразено индивидуално. Преку боите и креативноста со цртање и создавање на уметнички дела тие споделија што значи да се чувствувате поддржани од врсниците и како сите можеме да играме улога во ставањето крај на малтретирањето. Секоја слика е своја приказна за издржливоста, емпатијата и надежта. Врсничката школа ја водеа психолог и младински работник од ИМКА. По завршувањето на 4-те модули и 2те арт работилници кои го обработуваа врсничкото насилство и темите поврзани со него во нашата локална средина, обучените ученици – врснички едукатори спроведоа презентација пред своите ученици и својот клас до крајот на декември оваа година. Овие врснички едукации беа многу добро прифатени од училиштата, стручните служби, но пред се од самите ученици за кои што беа посветени едукациите. На крајот на учебната година, имавме свечено доделување на сертификатите на врсничките едукатори кои успешно ја завршија едукацијата против врсничкото насилство и одржаа работилници и едукации во своите училишта. Целта на овие работилници беше подигање на свеста за оваа појава со цел нејзино намалување. Со активности продолжуваме и во второто полугодие со ученици од основните училишта во Битола. Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е поддржан од CVJM #SignsOfHope и Општина Битола се реализира во соработка со 6 средни училишта во градот.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.