Волонтирај

Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење сопствена биографија, за личен и професионален развој, за патување и помагање на заедницата во исто време.

Сакате да волонтирате?

Во зависност од вашиот интерес, мотивација, квалификации и очекувања, како и во зависност од потребите на ИМКА во дадениот момент, ние вообичаено ги нудиме следниве волонтерски позиции:

> Во канцеларијата на ИМКА во Битола:

Од време на време ни треба административна, логистичка и мултимедијална поддршка! Најдобро е прво да прашате на contact@ymcabitola.org.mk што моментално се случува во канцеларијата!
Понекогаш ни е потребна логистичка помош во организирање настани за возење велосипеди за граѓанската иницијатива БитолаНаТочак. Следете ја оваа фан страница за вакви новости.
За да помогнете во волонтерските акции што ги организираме локално во Битола, приклучете се и следете ја нашата битолска група на Фејсбук (ова е само за Битола).

> На летните кампови GLOW & YMLP нудиме волонтерски позиции за работа на кампот (како фасилитатори и за логистика). Понекогаш се достапни и некои други позиции. За претстојната година е најдобро да го видите тековниот отворен повик.

> За волонтирање во програмските активности на младинските клубови GLOW & YMLP кои ги има низ целата земја, прво треба да видите дали има клуб во вашиот град. Ако има, слободно прашајте на фан страната и придружете се на активноста.

> Да се ​​биде тим лидер или водач на група на меѓународна обука / размена е исто така можност за волонтирање. Најдобро следете ја нашата меѓународна фан страна за да ги гледате тековните повици.

Поставувајте прашања на: contact@ymcabitola.org.mk

За повеќе информации што работиме, видете ги програмските активности.

Прочитајте за искуствата на младите од учество во различни активности на нашиот блог.