Волонтирај!


Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење сопствена биографија, за личен и професионален развој, за патување и помагање на заедницата во исто време.

Сакате да волонтирате?

Во зависност од вашиот интерес, мотивација, квалификации и очекувања, како и во зависност од потребите на ИМКА во дадениот момент, ние вообичаено ги нудиме следниве волонтерски позиции:

> Во канцеларијата на ИМКА во Битола:

  • Од време на време ни треба административна, логистичка и мултимедијална поддршка! Најдобро е прво да прашате на contact@ymcabitola.org.mk што моментално се случува во канцеларијата!
  • Понекогаш ни е потребна логистичка помош во организирање настани за возење велосипеди за граѓанската иницијатива БитолаНаТочак. Следете ја оваа фан страница за вакви новости.
  • За да помогнете во волонтерските акции што ги организираме локално во Битола, приклучете се и следете ја нашата битолска група на Фејсбук (ова е само за Битола).

> На летните кампови GLOW & YMLP нудиме волонтерски позиции за работа на кампот (како фасилитатори и за логистика). Понекогаш се достапни и некои други позиции. За претстојната година е најдобро да го видите тековниот отворен повик.

> За волонтирање во програмските активности на младинските клубови GLOW & YMLP кои ги има низ целата земја, прво треба да видите дали има клуб во вашиот град. Ако има, слободно прашајте на фан страната и придружете се на активноста.

> Да се ​​биде тим лидер или водач на група на меѓународна обука / размена е исто така можност за волонтирање. Најдобро следете ја нашата меѓународна фан страна за да ги гледате тековните повици.

Поставувајте прашања на: contact@ymcabitola.org.mk

За повеќе информации што работиме, видете ги програмските активности.

Прочитајте за искуствата на младите од учество во различни активности на нашиот блог.

volunteerman