Кампови

Камп GLOW

Девојките го водат светот (ГЛОУ) осумдневен мултикултурен летен лидерски камп во американски стил кој е за девојчиња кој промовира лидерство, граѓанско учество и пријателство.

Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и оспособување на девојките. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

Програмата ја спроведува Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус, а се реализира од персонал на ИМКА, волонтери на Мировниот Корпус и GLOW-YMLP кампери алумни. GLOW е летна програма која се одржува во Македонија од 2002 на разни локации. GLOW ги оспособува младите да станат лидери кои креираат позитивни промени во нивните заедници.

Камп YMLP

Младинскиот лидерски проект (ИМЛП) е осумдневен мултикултурен летен лидерски камп во американски стил кој е за момчиња и промовира лидерство, граѓанско учество и пријателство.

Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и личен развој. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

Програмата ја спроведува Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус, а се реализира од персонал на ИМКА, волонтери на Мировниот Корпус и GLOW-YMLP кампери алумни. YMLP е летна програма која се одржува во Македонија од 2006 на разни локации. YMLP ги оспособува младите да станат лидери кои креираат позитивни промени во нивните заедници.

GLOW-YMLP волонтерски алумни клубови

Влијанието на камповите се поттикнува преку волонтерските GLOW-YMLP клубови кои се предводени од млади и се сместени во различни заедници низ целата земја. Тие обезбедуваат можност за дејствување каде што GLOW и YMLP алумни камперите можат да го споделат она што го научиле во кампот со нивната заедница преку месечните активности насочени кон лидерство и служење во нивните заедници. Програмата ја спроведува Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус, а се реализира од персонал на ИМКА, волонтери на Мировниот Корпус и GLOW-YMLP кампери алумни.

Постојат два различни типа на клубови: регионални и сателитски клубови. регионалните клубови создаваат простори каде лидерите на клубовите и членовите следат конкретна програма со засилена поддршка од ИМКА, додека сателитските клубови претежно ја следат програмата на најблискиот регионален клуб кој е во нивна близина, но и им дозволува на своите членови да бидат креативни и флексибилни во спроведување на активностите на нивниот клуб.

Со мисија до младински лидери

Документи