Годишно собрание на СМР

 
 
Редовното годишното собрание на Сојузит за Младинска Работа се одржа на 9 и 10 мај 2022 во Скопје. Секретаријатот, Управниот одбор и делегатите од нашите членки разговараа на повеќе точки важни за работата на Сојузот за младинска работа и за развојот на младинската работа во нашата држава.
 
 
Беше усвоен стратешки план кој ќе го насочи работењето на Сојузот во следните 5 години, а меѓу другото имаше и избор на нов член на Управниот одбор од Младинската Асоцијација Креактив Кавадарци. Настанот се случи во канцеларијата на Regional Youth Cooperation Office – RYCO во Скопје, за отстапување на просторот и гостопримството. ИМКА е членка и една од организациите основачи на СМР, која со свој претставник учествуваше на ова собрание. Повеќе фотографии од настанот може да погледнете тука.