ЕСИЛ по четврти пат

 

Од Кристина Талевска

Овој Мај 2022 година беше период на едно незаборавно искуство кое засекогаш ќе остане во нашите сеќавања. За нас тоа беше огромна можност да научиме нови работи, да запознаеме нови луѓе и нова земја, да ги прошириме нашите знаења, вештини и креативност. После неопходните одложувања на овој камп заради пандемиската ситуација, целиот овој настан беше едно големо освежување и враќање во реалноста.

Овој камп се случи во близина на малото гратче по име Леусден и е дел од големата мрежа на ИМКА капмпови во Холандија. Учествувавме повеќе земји како Романија, Македонија, Шведска, Финска, Италија, Шпанија секако и домаќините од Холандија, во последната недела, помеѓу 25 и 29 Мај. За кратко време од кога стигнавме, сите се поврзавме и не помина долго пред да започнеме да разговараме меѓу нас како да се познаваме со години, без незгодни моменти, без срамежливост, без интровертност… Сите покажуваа искрен интерес за земјата од која што доаѓаат другите, културата, секојдневниот живот, навиките, храната, традициите… Дали беше тоа заради ефектите после пандемискиот бран не знаеме, но секако беше добро да се почувствуа човечката топлина и заедништво како и претходно.

Бидејќи на овој камп се подготвуваме и се потсетувавме како е да се работи со други луѓе, важни теми кои ги поминавме беа лидерството, да бидеш добар комуникатор, тимски играч, што знчи да си менаџер на волонтери, да креираш работилници и да се чувствуваш спонтано низ цел тој процес. Ние тројцата од Македонија, јас Дарко и Андреј поминавме низ програма која ни помогна да се вратиме на старите добри проверени камперски рутини и да добиеме нова сила за понатаму.

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете тука.