Имаме потреба од вработување на ОФИС МЕНАЏЕР


When:
29/05/2019 – 09/06/2019 all-day
2019-05-29T00:00:00+02:00
2019-06-10T00:00:00+02:00
Where:
YMCA Bitola
Contact:
Viktor Iliev
047 610 669
Имаме потреба од вработување на ОФИС МЕНАЏЕР @ YMCA Bitola

Доколку ви се допаѓа канцелариска работа и имате афинитети кон средување и организација на документи, архиви, плаќање на сметки и следење на буџет, планирање и организација на календари и ту-ду листи како и комуницирање лично/меил/телефон со институциите со кои работиме, тогаш веројатно сте тој/таа кој/а ни е потребен/потребна и ве поттикнуваме да го разгледате повикот и да аплицирате. Доколку пак знаете некој/а кој/а ги има овие афинитети, ве молиме споделете го повикот со него/неа.

 

Опис на работното место

  • Управување со канцеларијата и логистика и трошоци за тоа
  • Управување со архивата на документи
  • Комуникација со персонал, волонтери, институции и крајни корисници
  • Промовирање на активностите
  • Помагање во организација на активностите.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Универзитетско образование (завршено или во фаза на студии)
  • Силни комуникациски вештини (пишување, говор)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан, говорен)
  • Разбирање на софтвер (Windows, MS Office, Internet, Cloud, Apps)
  • Разбирање на хардвер (компјутер, печатач, проектор и сл.)
  • Релевантно искуство (се смета за предност)
  • Способност за работа на своја иницијатива
  • Силни аналитички вештини
  • Сигурност и доверливост.

НИЕ НУДИМЕ

  • Добри услови за работа
  • Флексибилнa работна средина
  • Можност за личен и професионален развој
  • Стабилен работен ангажман со полно работно време (40 часа)
  • Нето надомест од 12.550 МКД
  • Пробен период од 2 месеци со платен надомест.

АПЛИЦИРАЈ

  • Испратете CV и мотивациско писмо до: contact@ymcabitola.org.mk со “офис менаџер”, како наслов
  • Работната позиција е за во канцеларијата во Битола
  • Само релевантните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

КРАЕН РОК за пријавување: 9 Јуни.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *