Камп-фестивал Wonderful Days во Данска


When:
30/12/2020 – 31/12/2020 all-day
2020-12-30T00:00:00+01:00
2021-01-01T00:00:00+01:00
Where:
Tommerup Efterskole, Denmark
Contact:
Jovche Krsteski

Wonderful Days е камп-фестивал организиран од страна на ИМКА/ИВКА Данска. Наменет е за дружење и забава на средношколците од Данска кои се дел од големото ИМКА/ИВКА семејство. Во таа дружба имаат обезбедено места и за интернационални гости од Европа и светот.

Кампот трае една недела и се состои од кампување во шатори на однапред подготвени локации за тоа, со бини за музички и други настани, места за разни натпревари и разни спортски и друштвени игри – сите предуслови за едно одлично камперско и фестивалско искуство! Како сето ова изгледаше во 2016г., може низ фотографии да видите тука, а има и видео презентација тука.

Разгледајте го нивниот официјален сајт (на англиски) тука.

Може и да ги следите на Фб тука.

Сите заинтересирани за учество на овој камп фестивал, како и за поставување разни прашања – пишете на следнава маил адреса: evs@ymcabitola.org.mk

Последен апдејт: Бидејќи организаторите не успеаа да добијат финансиска помош од ЕУ за потребите на фестивалот, учесниците на никаков начин не се поддржани. Патувањето до настанот во Данска останува на потполн трошок и во сопствена организација на учесникот.

 

 

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *