150 млади во 5 недели вклучени во ИМКА+HP програма

После пет недели испорака на активностите поврзани со курсевите за дигитално образование на ИМКА во соработка со HP би сакале да споделиме со вас дел од наодите од евалуациите кои ги пополнуваат учесниците. Среќни сме од фидбекот кој го добиваме од учесниците кои ги опишуваат курсевите како лесни за следење, интересни, интерактивни, би ги препорачале на свои пријатели и скоро сите сакаат да дојдат пак на некоја нова тема. 

На 22.03.2023 година започнавме со првиот термин за курсеви и досега имаме 22 термини со вкупно 151 учесници (од кои 54% се женски, а 46% се машки лица), поминати околу 10 различни курсеви од категориите маркетинг, комуникации и стартапи/иновации.

Во прилог споделуваме дел од најчестите коментари кои постојано се повторуваа во однос на тоа што им се допадна на курсевите:

  • Темата на курсот и можноста за учење нови знаења и вештини.
  • Практични знаења кои може да се искористат во секојдневниот живот.
  • Часот беше со лесен и разбирлив, а темата релевантна. Курсот беше ефикасен – за кратко време дознав многу корисни информации.
  • Неформалното запознавање и дружење со другите учесници во склоп учење нови работи.
  • Интересен беше начинот на кој ни беа претставени темите на курсот.
  • Професионален пристап на предавачката, начинот на презентација со примери, комуникацијата за време на курсот.
  • Како не дочекаа и сите беа љубезни. Многу позитивна и отпуштена атмосфера и енергија за работа.
  • Опремата на која работевме, местото и просторијата каде што се одржа курсот.

Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект, видете ги деталите за логистика и формуларот за регистрација.