Учество во креирање на нова стратегија за волонтерство за 2023 – 2026

Неодамна привршија активностите на Локалниот волонтерски совет на Општина Битола (ЛСВ) кои беа насочени кон партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола за периодот 2023 – 2026 година. Бидејки ИМКА има свој претсавник во ЛСВ за периодот 2021-2022 година, тој учествуваше во работната група која заедно со претставници од други активни младински или организации за млади од Битола и советници од самата Општина го подготвуваше овој стратешки документ.

Се реализираа 3 работни состаноци со претходно утврдена агенда и под водство на надворешен експерт кој имаше задача да ги земе во предвид сите забелешки, предлози, сугестии од страна на членовите на оваа работна група и да ја подготви стратегијата заедно со акцискиот план за периодот 2023 – 2026 година. Овој стратешки документ понатаму ќе биде поднесен до Советот на Општина Битола, кој се очекува да го усвои до март 2023 година.

Овие активности беа организирани и спроведени од МКЦ – Битола под името „Време е за волонтирање“, проект кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од Европската Унија. Овој проект има за цел да го зголеми учеството на младите и граѓанските организации во креирањето на локалните политики и развојот на заедницата.
Истовремено, преку овој проект се зајакна и капацитетот на сите членови на ЛСВ Битола преку реализацијата на обуките за креирање на волонтерски политики и имплементирање на креирани планови кои членовите ги добија, со што се обезбедија подобри услови за граѓанско учество во креирање на локалните волонтерски политики, вклучително и изработката и усвојувањето на Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола.

Членовите на ЛСВ како дел од работната група обуките кои ги добија беа за поставување на ефективен систем на волонтерски менаџмент, како и обука за партиципативност во донесување на одлуки ( за подготовка, читање и практикување волонтерски политики) . Преку оваа активност проектот го зајакна ЛСВ со вештини за креирање на волонтерски политики, за да може успешно да креира нова стратегија за развој на волонтерството во општина Битола и неперечено и воиднина квалитетно да ги имплементира активностите согласно новиот документ.

Повеќе слики од овие настани може да проследите тука, тука и тука.