ДАЛИ ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ И БИЗНИС СЕКТОРОТ ГО ЗБОРУВААТ ИСТИОТ ЈАЗИК?

Значи Владата и Општините да го расчистат патот со подобрување на законите и прописите, да го подобрат законот за донации и спонзорства, да ја намалат бирократијата во граѓанскиот свет, здруженијата пак да го поедностават речникот со цел да бидат разбрани, а бизнисите да вложат во средината од која го прават својот профит!

Обука

Во периодот 29-30 Април се одржа дводневна обука на тема прибирање на средства од бизнис секторот. Средбата беше организирана како поддршка на ТАКСО проектот за граѓанските организации во Македонија. За време на обуката имавме шанса да се запознаеме за новините во процесот за законот за донации и спонзорства, моменталната ситуација со филантропијата во Македонија, да размениме мислења и искуства на донации од бизнис секторот, како и работа на техники и вежби за барање на донации и спонзорства.

Каде се парите?

Сите велат дека нема пари, дека фондациите си заминуваат, но дали сме спремни за тој нов предизвик. тоа е новата реалност во Македонија. Колку сме спремни да одговориме на тој предизвик?

Можности за сите!

Една од можностите за поврзување и нови соработки е токму бизнис секторот. Бизнисите ако сакаат да опстанат треба да мислат и за обичниот граѓанин и да вложат во заедницата. Корпоративната одговорност се повеќе добива на значење и компаниите кои вложуваат во своите средини се сè повеќе препознаени и прифатени од граѓаните. Но како би изгледало тоа кога тие не можат директно да инвестираат и организираат настани? Тука граѓанските здруженија преку партнерски однос со бизнисите можат да придонесат во развојот во општините.

Сите имаат одговорност

Општините и државата треба ова да го препознаат како можност и да ја поттикнуваат и стимулираат соработката на здруженијата со бизнис секторот. Бизнисите треба исто така да дадат свој придонес во цела приказна преку финансирање или пак волонтирање во организациите и поддршка на сите квалитетни и издржани иницијативи. Но, сите три страни мора да се доближат и да го зборуваат истиот речник, да се обединат околу исти yцели и сите заедно како партнери да работиме во остварувањето на целите и задоволувањето на потребите на заедницата каде живееме. Значи Владата и општините да го расчистат патот со подобрување на законите и прописите, да го подобрат законот за донации и спонзорства, да ја намалат бирократијата во граѓанскиот свет, здруженијата пак да го поедностават речникот со цел да бидат разбрани, а бизнисите да вложат во средината од која го прават својот профит!

1+1=3
Нормално дека не е лесна координацијата на сите овие страни, но тоа е нашиот предизвик на кој треба да работиме. Да се обидеме да се слушнеме едни со други бидејќи заедно можеме да направиме многу повеќе за нашата средина, бидејќи 1+1 не се 2, туку 3!

Фото галерија од настанот

Add your Comment