Еразмус+ младинска размена „Може и наТочак“: Многу едукативен проект!

 

Од Ангела Желкова

Прекрасно поминавме на оваа младинска размена. Стануваше збор за размена на која во период од една недела дена повеќе од 20 учесници од 4 земји се собраа за да научат нешто повеќе за точаците и еколоѓкото влијание кое го имаат. Настанот се одржа во Битола од 3-ти до 9-ти октѕомври 2022.

Целта на настанот со сите работилници и дискусии беше јасна – секоја акција има своја реакција. Научивме дека точаците може значиелно да придонесат за намалување на загадувањето, дека треба да се грижиме за животната средина затоа што ние сме дел од неа, а исто така и го подобруваат здравјето на човекот. Научивме и дека не мора да одиме секаде со автомобили. Ова беа некои од главните поенти за кои сите ние станавме свесни многу повеќе д претхдно. Имаше многу дискусија, забава и креативни активности во врска со темата точаци, уметност и екологија. За илустрација, цртавме мурали, поправавме точацисите земји имаа можност да се претстават, прошетавме до некои локални културни знаменитости како Хераклеа и сл. Совршен настан за запознавање нови пријатели, предизвикувајќи се себеси и забавувајќи се недела дена.

Сè на сè, дефинитивно го поминавме многу убаво. Оваа размена ми помогна да размислувам за моите постапки и да размислувам за улогата на точакот. Мислам дека ќе продолжам да се грижам за се што е поврзано со точакот во иднина во мојот живот.