За нас


Ние сме непрофитна, невладина, нерелигиозна, инклузивна младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно да работи со нив во нашата средина. Седиштето на ИМКА е во Битола, но има опфат на работа низ целата Република Македонија.

Во Македонија првата локална ИМКА беше оформена во март 1999 во Скопје. Денес има две асоцијации во Скопје и Битола кои заеднички настапуваат како YMCA Македонија, членка на ИМКА Европа од 2008. ИМКА е дел од семејството на World YMCA распространето во 119 земји кое опфаќа повеќе од 58 милиони луѓе.

Нашата главна цел и МИСИЈА е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите.

МОТО: Ги оспособуваме младите!

ВРЕДНОСТИ кои ги негуваме и поттикнуваме:
Грижа              - Да се грижеш за себе си, за другите и за заедницата.
Искреност      - Да се биде вистинит во она што го кажуваш и правиш.
Почит              - Да се постапува кон себе си, кон другите и кон заедницата со достоинство и прифаќање.
Одговорност - Да се биде веродостоен на своите ветувања и постапки.
Храброст        - Да се соочуваш со предизвиците и да водиш.
Креативност - Да пронаоѓаш нови решенија за предизвиците.
Ентузијазам   - Да ја пронајдеш својата инспирација за правење промени.
 
Ние работиме во полето на неформално образование за млади, нудење поддршка за младинско учество во процесите на донесување на одлуки, промовирање на младински активизам, волонтирање, здрави животни навики и градење на општество кои ги поттикнува позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. Погледнете ги нашите активности тука.
 

Тимот на ИМКА со Амбасадорката на САД/фотографија од 2019 г.

Управен Одбор:
 
Извршна Канцеларија:
Виктор Илиев, Извршен Директор на ИМКА, Директор на ГЛОУ-ИМЛП младинската програма
Јовче Крстески, Координатор на Интернационалната младинска програма
Елена Ивановска, Офис Менаџер
Маркус Харис, Волонтер на Мировен Корпус
 
Ние сме благодарни на поддршката која ја добиваме од бројни долгорочни и краткорочни волонтери.

 

 

За ИМКА и полето на дејствување

ИМКА (YMCA) е едно од најстарите и најголемите младински движења во целиот свеred-triangleт. На некој начин, може да се смета како една од првите граѓански организации кои имале за цел „подобрување на духовната состојба на младинците ангажирани во текстилот, везењето и другите занаети“, а против штетните културолошки влијанија кои ги создала Индустриската револуција, особено во градовите во тоа време. Основана од Џорџ Вилијамс и неговите 11 пријатели во 1844 година во Лондон (В.Б.), ИМКА моментално дејствува во 119 земји на 11.220 локации, вклучува 725.483 волонтери и опфаќа 58 милиони луѓе. ИМКА работи на носење проекти и акции наменети за развивање на младите преку широк спектар на младински активности, без оглед на религијата, расата, полот или културата.

Светската Алијанса на ИМКА има седиште во Женева, Швајцарија, додека седиштето на ИМКА Европа се наоѓа во Прага, Чешка. Во другите земји, ИМКА може да се сретне под различни имиња во зависност од нивните национални јазици: YMCA, IMKA, CVJM, UCJG, KFUM, NMKY, CEVI, HANTH, ACM, ACJ итн. Во Македонија и другите земји во Југоисточна Европа, YMCA е позната како ИМКА. Официјалниот знак на ИМКА претставува црвениот триаголник кој ги изразува основните заложби на ИМКА: хармоничен развој на човекот на духовен, ментален и физички план.

Националните и локалните ИМКА организации се силно поврзани со своите заедници. Во зависност од локалните услови и проблемите кои ги засегаат младите на локално ниво, ИМКА организациите дејствуваат во широк спектар на програмски области, вклучувајќи: одржлив развој, образование и стручна обука, полова еднаквост, климатски промени, здравје и превенција од ХИВ/СИДА, дијалог меѓу религиите, безбедност на храната, развој на лидерство, миграција, граѓанско учество и образование за човекови права, дејствување при вонредни ситуации, градење на мир.

Преку овие активности, ИМКА организациите креираат долгорочни промени во животот на милиони млади луѓе и средините каде живеат. Во сите овие активности посебно changemkвнимание му се посветува на вклученоста на младите и градењето на млади лидери.

Моделот на ПРОМЕНА

На сите континенти во светот ИМКА работи на оспособување на младите луѓе и трансформирање на заедниците преку вграден модел за промена кој се состои од: ПРОСТОР-ПРОМЕНА-ВЛИЈАНИЕ. Овој модел е ДНК за сите наши активности и затоа да се биде дел од ИМКА е искуство кое го менува животот.

 

 

Нашата приказна досега...

2016-2019 Се вклучивме во глобалната неформална Мрежа за образование на отворено, Мрежата за финансиска одржливост на ГО, а во 2017 ја надградивме нашата програма за младински равој ГЛОУ-ИМЛП со отпочнување со работа на мрежа на младински клубови на кампери алумни.

2013-2015 На ИМКА Битола му беше доделена годишната награда за иновативни практики во работата со волонтери. 2013Во 2014 и 2015 Битола организиравме и ко-организиравме неколку интернационални обуки во рамките на програмата за млади на ЕУ „Млади во Акција“. Се вклучивме во глобалната програма за млади лидери на ИМКА Свет „Агенти за промени“. Заедно со уште дваесеттина младински здруженија го основавме Сојузот за Младинска Работа со цел признавање на младинската работа и младинскиот работник како професија. Во 2015 следејќи ја успешната работа за проектот Младински Лидерски Камп ИМЛП (Лидерски камп за момчиња), ИМКА Битола ја продлабочи соработката со Мировен Корпус и на кампот ГЛОУ (Лидерски камп за девојчиња). Програмата за кампови на ИМКА Битола нуди бројни можоати за учење преку неколку интернационални кампови во Холандија, Франција, Германија и др.

2010-2012 Во 2010 започнавме со работа на Европски Волонтерски Сервис, соработка со Мировниот Корпус, се вклучивме во Коалицијата на Младински Организации СЕГА по што следуваа бројни активности во полето за детски права и поблиска соработка со локалните училишта. Во 2011 ИМКА Битола стана национална канцеларија на YMCA Македонија, а во оваа2007-2 година заедно со волонтерите на Мировниот Корпус, ИМКА започна да работи на Младинскиот Лидерски Камп  ИМЛП. Во 2012 инициравме група за развој на Програма во ИМКА Европа за кампови која подоцна и се формира.

2007-2009 Се вклучивме во меѓународната Синерџи мрежа за обуки за личен развој. Тимот на ИМКА се фокусира на камп и тренинг програма започна со работа и реализиравме многу работилници, обуки за личен развој, кампови и имавме многу активни волонтери. Ги организиравме Балканскиот Лидерски Тренинг #5 и #6 со ИМКА Европа. Во 2008 YMCA Македонија стана членка на ИМКА Европа.

2003-2006 Беа развиени неколку младински програми кои вклучуваа локални млади како волонтери како што се: И-Филм, жонглерската група Ацид Трипл, И-Стрип, информаторот НотифаИ. Во овој период ние успешно го организиравме првиот поголем интернационален настан, Балканскиот Лидерски Тренинг #3 во кој учествуваа 80 млади како и Балканскиот Програмски Фестивал „Балкански мозаици“ со ИМКА Европа со повеќе од 130 учесници од повеќе држави во Европа.

2002-2003 Основање на ИМКА Битола на 31.05.2002. Почнавме со работа на помали иницијативи како на пример одење на 2002екскурзии на планина, пинг понг рекреативни натпревари и сл. Балканскот камп во Нимфео, Грција му овозможи на нашите учесници да се запознаат со камповите, да дознаат за учењето на отворено и да се вљубат во кампувањето. Овој кампот функционираше 10 години предводен од интернационален тим на кампери алумни од Балканските ИМКА асоцијации. Во 2003 на Пелистер организиравме заеднички камп за млади од Македонија и Данска.

2001 Почеток како неформален младински клуб и развивање односи со ИМКА Скопје и ИМКА Европа.


Историја на ИМКА

21ви век е време на засилена динамика на активности во насока на оспособување на младите од целиот свет. Одејќи по вистинскиот пат ИМКА понатаму продолжува да ја пишува историјата.

1990те По падот на социјализмот следи масовна обнова на ИМКА во Југо-Источна Европа. Во втората половина на деведесеттите новите ИМКА асоцијации од Југоисточна Европа стануваат мотор на ИМКА движењето во Европа привлекувајќи нови луѓе, идеи, пристапи и програми.

1982 За помагање на програми за бегалци ИМКА добива специјално признание од Организацијата на Обединетите Нации (О.О.Н.).

1980те ИМКА се фокусира на борба за правата на децата, детските кампови и сл. кои се приоритет и денес.

1948-1960 ИМКА игра главна улога при развивањето на младинските и социјалните програми ширум светот. ИМКА активно е инволвирана во работата со млади и заштитата на правата на децата, хендикепирани, стари и изнемоштени лица, бездомници, лицата со посебни потреби, поткрепа за родителите и фамилиите и сл.

1914-1945 ИМКА беше активно вклучена во Првата и Втората Светска Војна во работата со бегалците и раселените лица како волонтерска организација која се финансираше од јавни донации за разлика од другите кои беа финансирани од владини извори. За својата работа во текот на двете Светски Војни, тогашниот Претседател на ИМКА Др. Џон Мот ја добива Нобеловата Награда за Мир.

1895 Одбојката ја измислил Вилијам Г. Морган, инструктор по физичко воспитување на ИМКА во Холиок, Масачусетс (САД). Била дизајнирана како спорт за во затворен простор за бизнисмени, кои ја сметале новата игра кошарка за премногу енергична.

1894 (50год. од формирањето на ИМКА) Џорџ Вилијамс ја добива титулата “Сер” за животно дело од англиската кралица Викторија.

1891 Џејмс Најсмит, инструктор во ИМКА Тренинг Колеџот во Спрингфилд, Масачусетс (С.А.Д.), ја создава кошарката која се прошири низ сите колеџи и кампови на ИМКА во С.А.Д., а потоа и низ целиот свет.

1852 Првиот Генерален Секретар на ИМКА во Женева е Анри Динан. Тој е идниот основач на "Црвениот Крст". Во 1901г. тој ја добива Нобеловата награда за мир.

1844+ Идејата за ИМКА се популаризира. Велика Британија имаше преку 2.700 членови во 24 асоцијации, но исто така и во Белгија, Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Австралија и Канада. ИМКА е формирана во С.А.Д. која основа фитнес, гимнастички и други спортски центри.

1844 Џорџ Вилијамс (23 год.) заедно со уште дванаесет врсници ја создава ИМКА во Лондон. Тоа беше реакција на младите луѓе на големите промени во општеството во периодот при крајот на Индустриската револуција како на пример: навалата од пороци од секаков вид, распуштеност, атеизам, коцкање, влошување на животните услови, губењето на вредностите и влошувањето на социјалните односи помеѓу луѓето, како и нудење на активности за исполнување на слободното време на младите луѓе на корисен начин.