Волонтирај!


Членувањето и волонтирањето е најчестиот начин за заинтересираните да се вклучат во ИМКА. На членовите и волонтерите им нудиме учество во волонтерски сервис, посета на обуки, кампови, и други можности за развој. Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување, притоа помагајќи во средината каде живееме.
 

Сакаш да волонтираш?

Во зависност од вашиот интерес, мотивација, квалификациите и очекувања, како и од потребите на ИМКА во  даден момент, работиме заедно да пронајдеме поле во кое ќе се ангажирате  со цел постигнување на личен успех, како и успех во работата. Ги нудиме следниве можности за волонтирање:

>  Во канцеларијата на ИМКА во Битола. Повремено имаме потреба од административна, логистичка и мултимедиска поддршка.
>  На летните кампови GLOW & YMLP. Нудиме 4 волонтерски позиции за персонал (фасилитатори, инструктори, логистика и координатори). Повикот за волонтери излегува на крајот на секоја година.
>  Во програмските активности на GLOW & YMLP клубовите низ државава.
>  На меѓународните обуки, размени и кампови како тим лидери.

Следете не кога имаме отворени повици или пак контактирајте не на contact@ymcabitola.org.mk.

Повеќе информации за програмските активности.

Искуствата на учесниците од активностите може да ги прочитате на нашиот блог.

За да се зачлените во ИМКА Битола пратете ни пополнета ПРИСТАПНИЦА за членство.

Доколку имате одредени прашања за волонтирање, посетете ја оваа веб страна.

volunteerman