Воведна обука за персонал на кампови 2019


На 23 март, ИМКА беше домаќин на целодневната обука за камп персоналот, која се одржа во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. На настанот присуствуваа 80 фасилитатори, инструктори, инструктори-во-обука и персонал за поддршка во рамките на Младинскиот лидерски проект (ИМЛП) и Девојките го водат нашиот свет (ГЛОУ) – нашите програми за развој на лидерството. ИМКА исто така ги поздрави и новите два медиа-практиканти:  Иво Дамјановски и Вера Солевска, кои ќе бидат ангажирани како поддршка на нашиот тим за комуникации и социјални медиуми.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дневните сесии ги започна лидерскиот тим на ИМКА – Виктор Илиев, Јовче Крстески и Маркус Харис. Лидерскиот тим ги пофали различните етнички, верски и географски потекла на овогодинешниот персонал, како и ги претстави очекувањата на персоналот на ИМЛП и ГЛОУ. По воведните забелешки, учесниците имаа можност да се поделат во работни групи за да дискутираат на теми како што се: Ефективно јавно говорење и фасилитирање, поставување / собирање на камповите и управување со бихевиоралните прашања меѓу другото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Имаме енергичен тим кој се подготвува за ИМЛП и ГЛОУ 2019 и знаеме дека оваа ќе биде најдобрата година досега! Веќе напорно работиме на дизајнирањето на распоредот и регрутирањето на овогодинешната група на кампери. Би сакале особено да им се заблагодариме на „Нова“ Интернационалните Училишта за отвореноста за нашиот настан, како и на нашите корпоративни спонзори Окта, Мермерен Комбинат, ТАВ Аеродроми и Кромберг и Шуберт за спонзорирањето на активностите во овој ден. Овој настан не би бил голем успех без вас!

Уживајте во фотогалеријата од настанот.

Заинтересирани да аплицирате за кампот? Проверете го нашиот линк за отворениот повик!

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *