Донирај!


Зошто да донирам во ИМКА?

ИМКА е долгогодишна и успешна организација. Основани во мај 2002 година во Битола, континуирано работиме на долгорочни и одржливи проекти, а не само на краткорочни изолирани иницијативи. Нашите долгорочни цели и насоки за акција се јасни и видливи; тие информираат за целата работа што ја правиме во нашите програми.

Ние сме транспарентни и нашата работа е отворена за јавноста. Информации за нашите активности се објавуваат на нашата веб страница, како и на социјалните медиуми. Работиме континуирано за да ја зголемиме нашата одговорност; со објавување на нашиот квартален информатор и редовен Годишен Извештај, ги информираме нашите засегнати страни за сите различни начини на кои ИМКА позитивно влијание врз заедницата.

Ние директно опфаќаме над 2.500 луѓе преку нашите годишни активности. Вашата поддршка може да биде насочена кон поттикнување на тоа влијание во нашата заедница на национално ниво, со што ќе се истакне влијанието што го правиме врз пошироката заедница во Македонија. Ние исто така ви нудиме можност да ја фокусирате вашата поддршка на која било од програмите што ги исполнуваме годишно.

Вашата поддршка нè мотивира да продолжиме со нашите активности кои ги оспособуваат младите луѓе!

Донирај како поединец

• Потврдете дека сте активен член на нашата поголема заедница со инвестирање во програма која го истакнува вашиот позитивен придонес кон нејзиното подобрување;
• Охрабрете ги другите да размислуваат позитивно, да се ангажираат во решавањето на проблемите во заедницата и да придонесуваат за развој на похумано, поправедно и поуспешно општество.

Донирањето на етаблирани непрофитни организации е вистински начин да се помогне на заедницата. Нашата работа ни овозможува да ги знаеме потребите на заедницата, да дејствуваме стратешки и да направиме поголемо влијание врз граѓаните.

Како можам да донирам како поединец?

• Постојат неколку начини за донирање: со финансиска трансакција на нашата сметка, преку он-лајн платформа за донација, кутија за донации или донација во материјални добра во нашите простории.
• За да организираме финансиска или донација во добра, испратете ни е-маил со ваш интерес на нашиот е-маил: contact@ymcabitola.org.mk.
Доколку сакате да направите донација во материјални добра, ИМКА моментално прифаќа донации од: компјутери, канцелариски материјали, опрема за кампување, спортска опрема, добра кои можат да се користат како промотивен материјал и услуги за печатење.

Донирај како компанија

• Иновирај и креирај нови општествени вредности и добра преку спроведување на политиките за општествена одговорност.
• Поврзете се со луѓе од вашата заедница на единствен начин. Донациите им даваат можност на компаниите да го поттикнат развојот на похумано општество кое ќе создаде еднакви можности за сите граѓани.
• Филантропските активности на компаниите се највидливиот аспект на општествената одговорност на претпријатијата. Вашите акции ќе го зајакнат имиџот на вашата компанија како институција која се грижи и инвестира во благосостојбата на заедницата во која работи.
• Филантропските акции може да влијаат на продажбата како последица на поголемото препознавање на брендот, како и привлечноста на вашиот бренд од страна на потрошувачите водени од вредности. • Дополнително, корпоративната филантропија ја подобрува мотивацијата и лојалноста на вработените. Тие чувствуваат гордост дека работат во компанија која инвестира во заедницата во која живеат.

Како можам да донирам како компанија?
• Постојат неколку начини да се донира: како спонзорство или како донација и тоа може да се направи со финансиска трансакција на нашата сметка или со донација во материјални добра за нашите тековни активности.
• Доколку сакате да направите корпоративна донација на ИМКА контактирајте го Виктор Илиев на viktor@ymcabiltola.org.mk.
• Обезбедуваме различни нивоа на бенефиции за нашите корпоративни партнери и донатори, при што со задоволство би разговарале за бенефициите со вас понатаму преку состанок што може да се организира во термин кој вам ви одговара.
Доколку сакате да направите донација во материјални добра, ИМКА моментално прифаќа донации од: компјутери, канцелариски материјали, опрема за кампување, спортска опрема, добра кои можат да се користат како промотивен материјал и услуги за печатење.