Камп-фестивал Wonderful Days во Данска


When:
03/07/2021 – 10/07/2021 all-day
2021-07-03T00:00:00+02:00
2021-07-11T00:00:00+02:00
Where:
Tommerup Efterskole, Denmark
Contact:
Jovche Krsteski

Wonderful Days е камп-фестивал организиран од страна на ИМКА/ИВКА Данска. Наменет е за дружење и забава на средношколците од Данска кои се дел од големото ИМКА/ИВКА семејство. Во таа дружба имаат обезбедено места и за интернационални гости од Европа и светот.

Кампот трае една недела и се состои од кампување во шатори на однапред подготвени локации за тоа, со бини за музички и други настани, места за разни натпревари и разни спортски и друштвени игри – сите предуслови за едно одлично камперско и фестивалско искуство! Како сето ова изгледаше во 2016г., може низ фотографии да видите тука, а има и видео презентација тука.

Разгледајте го нивниот официјален сајт (на англиски) тука.

Може и да ги следите на Фб тука.

Сите заинтересирани за учество на овој камп фестивал, како и за поставување разни прашања – пишете на следнава маил адреса: evs@ymcabitola.org.mk

Бидејќи настанот сеуште е во подготовка, сите останати детали, како и информациите околу патните трошоци и партиципацијата за настанот ќе се знаат дополнително. Затоа, следете не на фејсбук, твитер, инстаграм!

 

 

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *