Свечен прием за корпоративни партнери 2019


Во средата на 6 ноември 2019 година, во Парк Хотел & Спа во Скопје се одржа Свечениот прием на корпоративни партнери на кој ИМКА ги поздрави сегашните и претходните корпоративни партнери, како и другите општествено одговорни компании присутни на настанот. Целта на настанот е да се истакне значајноста на оспособувањето на младите и општествената одговорност чествувајќи ги овогодинашните корпоративни партнери на програмата за младински развој GLOW & YMLP.

Откако беше најавен Извршниот Директор на ИМКА Виктор Илиев, тој одржа краток говор за важноста, додадената вредност и дел од клучните придобивки од инвестирањето во неформално образование за млади, како и за растечката социјална одговорност на генерацијата на миленијалците што треба да се следи од корпоративниот сектор.

Потоа, тој ја најави амбасадорката на САД, г-ѓа Кејт Мери Бирнс која зборуваше за неодамнешната посета на кампот YMLP и важноста да се инвестира во нашите млади за да имаат такви искуства и да можеме да станеме уште подобри во обезбедување на образование исполнето со чувство и нагласени вредности моделирани околу вредностите на одговорност, храброст и демократија.

Следуваа сведоштвата на камперите Спаско и Македонка за нивното неодамнешно искуство во камповите и алумни камперите Вјоса и Славе кои ги споделија впечатоците од своето време во кампот, но и она што ги инспирираше подоцна за да станат успешни во животот.

После тоа следеше церемонијалниот дел за доделување признанија на корпоративните партнери за 2019 година: Мермерен Комбинат и ОКТА како златни спонзори. Рудникот САСА и ТАВ Аеродроми како сребрени спонзори, Алкалоид како бронзен спонзор, Кромберг и Шуберт како спонзор и ЕСМ како Донатор.

За оваа година имавме поддршка и преку проектните активности од „Одржлива академија“ на Хорус Македонија. Од обуките што ни ги обезбедија научивме некои многу корисни практики и методи за комуникација со нашите корпоративни партнери во насока на градење постабилни партнерства со нив во текот на целата година.

После тоа, следуваше период на неформално дружење со некои од нашите кампери и алумни. Ова беше можност претставниците на компаниите подобро да се запознаат со импактот од програмата преку личните приказни на камперите. Целиот настан беше одлична можност компаниите исто така да се означат како едни од лидерите во полето на корпоративна социјална одговорност во земјата.

Да станете партнери во спроведувањето на GLOW & YMLP пограмата за младински развој на ИМКА навистина значи да станете еден од креаторите на оваа свесност, а за овие компании значи да се направи оваа нова иднина реалност во областа на неформалното образование кај нас.

Фото галерија од настанот овде.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *