Ажурирање на камп стандардите во Франција


Овој настан е продолжение на активностите за постигнување согласност околу заедничките стандарди за камповите во ИМКА Европа.

Повеќе за минатите настани овде.

Овој проект е дел од поширока и долгорочна меѓународна соработка, координирана од ИМКА Европа. Овој пат се фокусиравме на управувањето со човечките ресурси. Домаќин на конференцијата беше ИМКА Франција, а проектот беше финансиран од грант добиен од Француската национална агенција Еразмус+. Партнерските организации претставуваат 16 европски земји кои испратиле 40 учесници. Традиционално, тимот на обучувачи имаше експерт обезбеден од ИМКА С.А.Д.

Овој пат имавме помош од ИМКА Русија. Овде Тина Ларионова држи сесија.

Програмата за обука беше спроведена во форма на работилници кои припаѓаа на 5 клучни модули:

Модул 1: „Да се изгради добар тим е суштински“

Модул 2: „Систем за обука на персоналот во кампот и волонтерите“

Модул 3: „Да се биде работодавец, да се биде вработен“

Модул 4: „Човечки ресурси – предизвици“

Модул 5: „Кампови во Европа – Програма Коалиција“.

Програмата вклучуваше и активности што ја презентираа програмата Еразмус + и беа поврзани со неговите алатки, на пр. Youthpass.

Виктор Илиев со националниот генерален секретар на ИМКА Романија, Алина Поп

Виктор Илиев со учесниците од ИМКА Албанија. Приказната за нивната претседателка Егла, може да ја прочитате овде.

Местото на настанот беше ИМКА центарот Ле Рошетон, кое ги има сите потребни средства за водење настани за обука. Ова е исто така место каде мигрантите, бегалците и барателите на азил имаат свој привремен дом – ИМКА Франција е добро позната како организација која спроведува вакви проекти. Ова беше многу важно за конференциската програма бидејќи вклучуваше сесии, каде прашањето за различноста, толеранцијата, спречувањето од ксенофобијата и насилството во камповите беше клучна тема.

Проектот беше продолжение и развој на камп програмата на ИМКА Европа, меѓутоа донесе и неколку нови елементи: за прв пат имавме учесници и обучувачи од Јужна и Источна Европа и имаше неколку претставници кои не се дел од фамилијата на ИМКА, а се организации кои водат кампови. Сите овие работи го прават проектот и неговиот исход широко достапен и отворен за европските заедници.

Виктор Илиев на сред сесија. Лево од него е Бернард од ИМКА кампот Ехо, С.А.Д.

Традиционално, ИМКА на С.А.Д. испрати тренер – Бернард Рока (втор пат во оваа улога), кој обезбеди неколку сесии што помогнаа да се научи и усвои американска методологија за водење летни кампови и обука на човечки ресурси – тоа беше исклучително вредно. Целата конференција беше добар пример за интеракција на прекуокеанските и европските експерти.

Меѓу учесниците и фасилитаторите беше и Клод Реду, претседател на ИМКА Ле Рошетон. Благодарение на него, многу организациски проблеми поминаа непречено и конференцијата стана многу попривлечна за учесниците. Сега, време е за активности што следуваат и дисеминација на исходот. Овој процес ќе биде завршен во Oктомври 2019 година. Овој проект беше ко-финансиран од Француската национална агенција Еразмус +.

Full photo album here.

Photo credits: Joao Moura – YMCA Setubal

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *