Младински Саеми за вработливост на камповите ГЛОУ и ИМЛП 2019


Тестирање на вештините на камперите за вработливост на МСВ!

Младинскиот Саем за Вработливост (МСВ) на ГЛОУ и ИМЛП го прикажува најдоброто во пристапот на програмата за практично неформално образование за млади. Во целокупното структурно програмирање на ГЛОУ и ИМЛП, нашите фасилитатори прво ги воведуваат основните принципи на некоја тема или вештина, а потоа се повлекуваат овозможувајќи им на камперите да поминат поголем дел од времето разговарајќи за своите мислења околу презентираните идеи или пак активно да се вклучат и да практикуваат нови вештини. Ова игра клучна улога на нашиот час за вработување на млади, просторот каде камперите ги истражуваат нивните кариерни интереси и ги развиваат основните вештини за вработување: вмрежувањето, пишувањето на биографски писма и интервјуирањето.

За поголемиот дел од програмата на ГЛОУ и ИМЛП, камперите треба да чекаат дури да ја тестираат со своите новоразвиени капацитети, во реалниот свет. Ова не е случај со нашата програма за вработување на младите. МСВ им овозможува на камперите да се сретнат и да се поврзат со лидерите во индустријата, почнувајќи од спонзорите до гостите. Не само што камперите имаат можност активно да практикуваат вештини за вработување, туку и нашите корпоративни спонзори имаат можност директно да се ангажираат со камперите, служејќи како ментори при кариерните истражувања, притоа сведочејќи ја посветеноста на камперите за програмата ГЛОУ и ИМЛП.

Имаше видлива возбуда во воздухот цела недела за време на кампот ГЛОУ, бидејќи идните лидери на земјава можеби за прв пат беа во можност да процутат и да истражуваат иновативни и прогресивни идеи заедно едни со други, преку искуствено учење. Девојките од ГЛОУ по природа се амбициозни и мотивирани и каде и да се завртат на кампот, нови можности ги чекаат за инспирација. Саемот за вработување на млади во 2019 година не беше исклучок.

Вториот годишен саем започна со обраќање од извршниот директор на ОКТА Јоанис Геруланос, долгогодишен златен спонзор на камповите ГЛОУ и ИМЛП. Додека камперките седнуваа на подот од кафетеријата вртејќи ги очекувачките очи кон говорникот и г-динот Геруланос се спушти на земјата сам, во неговиот типичен стил со кој може секој да се поврзе, за да им се обрати на камперките очи во очи. Очигледно беше од бројот на камперки кои подоцна се пријавија да присуствуваат на понатамошните сесии со г-дин Геруланос, дека неговиот говор за социјална одговорност, пронаоѓањето на пасијата и бестрашноста резонираше со девојчињава.

По инспиративниот говор од г-дин Геруланос, камперките беа подготвени да продолжат на следниот дел од Младинскиот Саем за Вработување. Во овој дел од саемот, спонзорите и гостите ги промовираа своите организации на тркалезна маса, што им овозможи на камперките да ги искористат вештините што ги практикуваа во текот на целата недела на нивните часови за вработување на млади. Овие храбри тинејџерки бестрашно се приближуваа до сите дванаесет маси во кафетеријата и дискутираа со лидерите од индустриите. Ова не само што им даде можност на камперките да се навикнат на промовирање во професионален амбиент, туку исто така им овозможи и на спонзорите на еден автентичен начин да забележат од прва рака како нивната филантропија се исплаќа.

По делот од тркалезната маса и со другите професионалци како Алкалоид, Пекабеско и СЕГА коалиција, камперките присуствуваа на работилници со персоналот на кампот за да ги усовршат своите лични биографии, брзите презентациски говори и вештините при давање интервју. Следејќи ги работилниците, камперките присуствуваа на две рунди на т.н. брејк сесии според организациите кои ги интересираа најмногу. Иако секоја брејк сесија имаше воодушевени учесници, а меѓу најпопуларните беше онаа на претставничката на САСА Венета Ристовска, која како поранешна камперка на ГЛОУ ги енергизираше и ги мотивираше девојчињата на начин што им дозволуваше да ја предвидат својата иднина како успешни професионалци во работењето светот.

На ИМЛП ги започнавме работите со серија професионални презентации и говори на кои беа нашите спонзори и гости, пред се Мермерен Комбинат. Подоцна камперите можеа да ротираат околу панелите и да се сретнат и поврзат и со други професионалци како тие од ТАВ Аеродроми, Кромберг и Шуберт, АмЧам, БрајтБокс, Цилиндо и да започнат да откриваат како нивните професионални интереси може да се насочат кон работење во голема корпорација или во граѓански сектор. Откако разговорот заврши, се насочивме на нашата работилница за лично брендирање. Користејќи го нашиот персонал и гостите, камперите учествуваа на три дела кои што вклучуваа: продолжеток од пишувњата за менторство, пракса во давање интервјуа и разноразни прашања за нашите корпоративни спонзори. Во меѓувреме, на корпоративните спонзори им беше овозможена персонализирана турнеја низ кампот, а имаа и време да се подготват за нивната брејк сесија. По работилницата за лично брендирање, овие брејк сесии започнаа. Секој корпоративен спонзор даде 20-минутна презентација на тема по нивен избор. Оваа презентација потоа беше повторена, што значи спонзорите беа во можност да комуницираат со приближно 15ина уникатни кампери лично и за значајни теми. За Леонид Сајков, кампер од Битола, презентацијата на ОКТА најмногу резонираше со него поради подготвеноста за споделување на нивното професионално искуство: „Навистина ми се допадна презентацијата, особено затоа што таа ги сподели своите искуства за наоѓање работа, интервјуирање, искористување на можности и за сите ризици“, рече Лео. Се разбира, секој што ги следи социјалните медиуми на ИМЛП знае дека одењето камп вклучува и камперско скандирањe. Додека се збогувавме со спонзорите и гостите, нашите кампери го покажаа својот камперски дух и тимската гордост при нивното големо испраќање.

Втората година од имплементирањето на МСВ дополнително ја истакна важноста на настанот и вредноста што овој саем ја носи во нашата програма за кампови. Едноставно кажано, можностите за официјално истражување на можностите за кариера и мрежното поврзување со водечките професионалци се исклучително ограничени во С. Македонија. Ние ќе продолжиме да всадуваме во нашите кампери професионални вештини преку нашите часови за вработување на младите, но развивањето вештини значи малку ако тие не можат да се практикуваат. Поради нашите спонзори и заинтересираните гости да помогнат во менторството и развојот на следните генерации на лидери, оваа практика е можна. МСВ ги поттикнува камперите да ги покажуваат своите вештини за вработување и да научат повеќе за себе и за професионалниот свет околу нив. Со нетрпение ја очекуваме нашата идна соработка со спонзорите и гостите во овој обем и на идните саеми при ГЛОУ и ИМЛП.

Како заклучок за Младинскиот Саем за Вработување, идните лидери на земјава и сјајни примери на млад професионализам, како кампери уште еднаш ги изведоа своите оригинални, малку и несериозни, групни камперски скандирања, за на гостите да им доловат малку од вкусот на кампот. Со нетрпение камперите ќе продолжат да ги брусат своите вештини за вработување и ќе ја запомнат суштинската порака на Младинскиот Саем за Вработување во 2019 година: ако работите напорно, ја пронајдете вашата страст и ги победите вашите стравови, ќе станете успешен и интегрален придонесувач во општеството.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *