Природно 1


Група на дечки од Македонија се собравме и заминавме на младинска размена во Холандија, тоа бевме јас, Пеце, Јане, Александра и Кристијан (ги има на сликите подолу, ќе ги видите). Пред ова, нормално, се случи АПВ настанот на кој се спремaвме сите ние што бевме лидери на групи  кој која активност ќе ја презентира пред другите за време на размената. АПВ беше во Април, 2017. И кога дојде подоцна Јули, заминавме за Холандија.

Првиот дел од размената се случуваше на камп локацијата Буитендор. Во нашиот случај, тоа беше една голема ливада на која беа спрострени неколку големи шатори во кои бевме сместени. Во едниот ќош од ливадата имаше една дрвена кабина која ни служеше како кујниче, на другиот ќош – една голема приколка со санитарии и туш кабини – и тоа беше се од „цивилизацијата“.

Во овој дел од размената, фокусот беше на создавање силни врски помеѓу учесниците. Истовремено, сите ние учевме да се поврзуваме со разни места во шумата и да се навикнуваме на интеракција со енергиите кои се таму. Најпрво се почна со разни игри, меѓу кои и за запознавање со сопствената телесна позиција и телесен говор кој го оддаваме, а понатаму тие се претворија во вежби низ кои учевме да запознаваме делови од себе си кој ги перципираме како негативни и да се ослободуваме од таа перцепција за себе си низ мали, во сопствена режија подготвени, импровизирани налик на монодрамски „изведби“ (публика ни беа сите останати учесници во оваа вежба).

Имаше исто така и целодневна работилница за запознавање со сопствените карактерни црти преку ДИСК теоретскиот модел. Тимските игри успешно создадоа силно заедништво меѓу нас, а на крајот од првиот дел веќе одевме и на разни локации околу нашата кампинг зона и ги споделувавме потоа искуствата собрани од шумата околу оган.

Вториот дел следуваше, кој стави на тест многу од увидите постигнати во првиот дел од размената. Следуваше еднонеделно патување „на отворено“ низ Холандија. Ни се поделија делови од мапи од Холандија и инструкции со задачи. Поделени во тимови, моравме да стигнеме до одредени локации низ Холандија во одредени времески рамки, каде добиваме понатамошни слични задачи како да стигнеме до други локации, притоа истовремено споделувјќи ги дотогашните искуства.

Овој дел беше убедливо еден од најдобрите за тестирање на она што мислевме дека го знаеме или сме го научиле за тимската работа и заедништвото меѓу нас, т.е. она што го „увидувавме“ за самите нас во првиот дел. Бидејќи добар дел од новите задачи кои ги добивавме беа неочекувани и непредвидливи, тоа ја постави оваа размена на едно повисоко ниво на тренинг низ кој можеше навистина да си провериме какви всушност сме кога сме притиснати, ограничени и дали навистина имаме волја да им помагаме на другите во нашата група (притоа кога сме сите во невоља, а тензијата е висока!) – или нашата добрина е само збор со кој се китиме пред другите, самозалажувјќи се.

Поминавме огромен пат од почетната камп локација каде што бевме, движејќи се на север дел со помош на авто-стоп, дел од патот поминувајќи го со точак. Направивме одмор во Гитхорн. Стигнавме до островот Шермониког одејќи пешки по дното на морето, бидејќи ја зачекавме морската вода да е во фаза на осека. Оттаму назад преку Гронинген, се упативме пак на југ до нашата последна дестинација, една друга камперска локација на 2 мк до границата со Германија.

 

 

 

 

 

 

 

 

На крајот, кога сите пак бевме заедно и сите задачи ги имавме завршено (кој успешно, која до пола успешно – но тоа не е важно, бидејќи станува збор за тренинг искуство кое овозможува личен развој), се збогувавме со една навистина голема, импровизирана шаманска игра водена од ударни инструменти, со извикувања и танци согалсно нашите можности и креативност. Целокупното искуство беше одлично и незаборавно – налик на оние искуства кои ги имав пред десетина години учествувајќи на серија тренинзи организирани од Синерџи групата.

 

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

One thought on “Природно