ЕСИЛ 1 1


ЕСИЛ е кратенка од англиското “Empowering Summercamp Youth Leaders” и ова беше негово прво издание, 5 дневна камп-обука чиј домаќин беше ИМКА Холандија, со цел подобро поврзување на ИМКА организациите од цела Европа. Кампот се одржа во Лезден, еден од камповите на ИМКА Холандија во периодот од 13-17 мај. Основната идеја на овој камп беше споделување на знаење и искуство меѓу ИМКА организации од Холандија, Португалија, Молдавија, Данска, Романија и Литванија. Петчлената екипа од ИМКА Битола, вклучувајќи два волонтери на Мировниот корпус јасно ја дефинираа својата работа, цели и идеи и заеднички ја раскажаа успешната приказна за ИМКА Македонија.

Кампот беше забавен, возбудлив и полн со идеи од страна на сите кои учествуваа. Исто така голем број на часови, игри и презентации ни помогнаа да го разбереме концептот на организирање камп. Важен дел претставува како да се стане одличен камп лидер, вклучувајќи обука, лично однесување, градење врски, прва помош. Синди Соренсен, едниот член на Мировниот Корпус кој беше во нашиот тим одржа неколку презентации како придонес кон темите за организирање камп, целта на камп и профилот на кампери. На овој начин и другите ИМКА тимови имаат шанса да дознаат повеќе за камповите кои се организираат во Македонија.

17739986518_921d616d61_z

Преку тимските игри се социјализирав  со другите членови на ИМКА што претставуваше одлична можност за мене да разговарам со така прекрасни луѓе. Секоја ноќ ги зацврстувавме нашите врски преку една игра наречена „Волците од Векердам”. Ова беше едно од најголемите искуства што сум ги имал досега на меѓународен камп. За мене ова обука беше одлична можност да се запознаам со други земји во Европа, а исто така да запознаам нови луѓе од различни ИМКА организации, разменувајќи знаење и искуство.

Фото галерија од настанот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

One thought on “ЕСИЛ 1