Прекрасни денови во Данска 2013 1


Спремната мала група од Македонија која што се состоеше од 6 луѓе, заедно со своето скромно камперско искуство тргна накај Данска на 5-ти јули и стигна во Хјоринг, на данскиот најсеверен јутландски остров следниот ден на 6-ти jули. За прв пат имавме прилика да ја посетиме Данска оваа година во рамките на ИМКА кампот наречен „Прекрасни денови“. Тоа е камп фестивал кој се одржува на различни локации низ Данска на секои три години наменет за тинејџери и претставува еден од најголемите настани кои ги нудат ИМКА и ИВКА од Данска. Оваа година овој камп фестивал имаше најмногу интернационални гости и тоа од Хонг Конг, Индија, Украина, Палестина, Чешка и секако од Македонија.

Во прилог ви ги пренесуваме нашите искуства кои беа големи за нас, не само заради тоа што имавме можност да сретнеме многу луѓе од ИМКА, да стекнеме нови пријатели и да доживееме еден поинаков камп фестивал каков што немаме доживеано досега, туку и заради тоа што успеавме да го почувствуваме кампот како сопствен дом. Тоа се должеше пред сè на прекрасните луѓе кои се грижеа за нас како да сме дел од нив. Им благодарам на сите што се погрижија да поминеме прекрасна недела на фестивалот и што го овозможија сето ова. Уживавме со сите вас!

Елена Деловска
На почетокот имав културен шок за којшто, ако смеам да речам, не бев подготвена. Дојдов во Данска за да се забавувам, да се релаксирам и да уживам но овие луѓе ми дадоа многу повеќе од тоа; тие ги отворија срцата и иако е тешко да се поверува, внатре има топлина и човечност. Научив многу од нив за време на посебниот час на самракот кој го имавме секој ден. Темите на кои дискутиравме и чувството дека некој ги цени твоите мисли и зборови беа повеќе од доволни. Моите водичи беа навистина неверојатни, тие не беа таму само за да ги кажуваат правилата и да ме информираат, туку беа навистина присутни и подготвени да го споделат своето искуство и мудри мисли. Уживав во вечерните концерти, а еден од артистите кој го почитувам многу е Крис Херман, тој се поврзуваше со публиката на поинаков начин така што секој човек се чувствуваше посебно.

Венета Ристовска
„Светско првенство во Квидич“, тоа е првата работа што ми падна на ум кога пристигнавме на фестивалот. Гледајќи ги сите овие насмеани гостопримливи луѓе, огромните шарени шатори и софите пред шаторите навистина ме натераа да се чувствувам како лик од „Хари Потер и огнениот пехар“ од Џ. К. Роулинг… и навистина беше магично. Другата работа што навистина ми се допадна беа забавите, тие беа навистина смешни, особено вечерната програма. Моето омилено шоу беше „Први Светски Проблеми“ и „Изборната кампања“ (се согласувам со Кими: „сите би требало да имаат лепило и ножици“). Исто така ми се допаднаа активностите како трката со полжави,  боењето тоалети, правењето накит (пробав, но на крај само го упропастив), малото фудбалче со човечки фигури. Сè беше навистина креативно особено финалето на „Денот на чудата“. Децата играа фудбал облечени во огромни гумени топки и некој вид на вонземјански ракомет на лизгаво земјиште додека истураше дожд од зеленчук, јајца и риби. А, и фестивалската песна беше навистина  заразна:  „Allegade herlysendestjernehelt tae toj near – ogvilsagerne”… Немам претстава што значи но сè уште ми се врти во главата. Покрај студеното време сè друго, почнувајќи од луѓето и забавите, до активностите, храната и игрите во интернационалниот шатор беше прекрасно. Запознав навистина неверојатни луѓе кои ми ги направија спомените уште позначајни. Па, на крај сакам само да речам tusindtak за прекрасната недела.

Марко Томовски
Немав некои големи очекувања за фестивалот, но тоа е моето лично мото при било кое патување, бидејќи секое искуство е повозбудливо кога е неочекувано.  Најискрено, немав некое големо знаење за Данска или воопшто за данското општество, па тоа прерасна во една од целите на мојата посета: да откријам како живеат Данците и да се забавувам на нивен начин. Се разбира, се запознав со доста луѓе за време на настанот и во текот на долгите часови поминати во патување. Кога пристигнавме на фестивалот бев импресиониран од целиот настан. Над 1200 луѓе беа постојано присутни на теренот со кампови, што е многу повеќе во споредба со повеќето други фестивали каде бројката достигнува најмногу до неколку стотина присутни. И покрај невидената големина на настанот, ниту еднаш не почувствував дека нешто недостига, дека нешто е испуштено или занемарено. Сè се одвиваше во совршен ред, од забавните настапи до концертите на бендовите, спортските активности, активностите за рекреација, оброците и сместувањето.

Ѓорги Јованов
Фестивалот Прекрасни Денови за мене претставуваше доживотно искуство. Да учествувам на овај фестивал за мене беше големо задоволство и многу ми е драго што запознав многу пријатели и изградив нови познанства. Седумдневниот престој таму го направи мојот поглед појасен. Ние, Македонците, бевме во тим со Украинците. Времето поминато заедно беше многу забавно исполнето со задачи и активности со натпреварувачки дух. Јас морав да бидам врзан со Игор од Украина, нашите раце беа сплетени цел ден. Цел ден и цела ноќ гледам само девојчиња и момчиња, скитајќи наоколу и уживајќи во летото, играјќи секаков вид на игри и забавни активности. Седумте дена кои ги поминав во Хјоринг, Данска беа едноставно супер!

Фото галерија од настанот.

Ова видео беше користено за пормовирање на настанот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

One thought on “Прекрасни денови во Данска 2013