ЗГОЛЕМЕНА ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР


Истражувањето на тема „Довербата во граѓанското општество“,  спроведена од 31 мај до 21 јуни 2013 од страна на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации (ТАКСО) во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), покажа дека граѓаните најмногу веруваат во организациите за деца, млади и студенти, лицата со посебни потреби, жени и родови прашања, животна средина, спорт, хоби и рекреација.

Довербата од јавноста е зголемена во споредба со претходните години при што по прв пат имаат доверба од мнозинството граѓани (54,2%), а најмногу доверба имаат студентите и младите луѓе до 29 години. 54,2 % од граѓаните имаат доверба во граѓанските организации, 50.5 % веруваат дека организациите се изворни иницијативи на граѓаните со цел да се остварат нивните интереси.

И ставовите за злоупотреба на граѓанските организации од страна на политичките партии се во опаѓање. Но сепак 43.5 % од испитаниците сметаат дека постои злоупотреба во форма на присвојување на ставови на граѓанските организации или затскривање зад нив (43.5 %). Негативен тренд има и во однос на транспарентноста на граѓанските организации односно 44.2 отсто се на став дека организациите не даваат отчет за својата работа и финансиите.

Извештајот можете да го преземете на следниов линк.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *