ДА ГИ ЗБОГАТИМЕ НАШИТЕ РАЗЛИЧНОСТИ ПРЕКУ ЕВС ИСКУСТВО!


Да ги збогатиме нашите различности – на овој начин го дефинирам моето искуство преку Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) односно да доживееш уникатно искуство во држава која е далеку од твојата со различни обичаи и начин на живот. Моите два месеци во Македонија поминаа неверојатно брзо. Ова е добро, бидејќи покажува дека не ми беше здодевно.

Моите задачи во ИМКА Битола беа: да научам како да работам со софтверот Premiere Pro CS4, да учествувам во креирање на комерцијално видео за Младинскиот лидерски летен камп (ИМЛП), да подготвам прашалник за обуки, да поставам рамка за комуникациски план, да преведувам стрипови од француски на англиски јазик, да научам македонски јазик и да пишувам статии за НотифаИ! Сето ова го работев опкружена со соработници кои беа подготвени да ги споделат нивните знаења и кои точно знаеја што прават. Луѓето тука се многу трпеливи и имаат огромна желба да ти покажат многу нови работи. Искусив нов начин на работа и да бидам искрена имам чувство дека Македонците не се толку под стрес колку што се Французите. Вистинско задоволство!

Она што најмногу ми се допадна за време на мојот престој беше летниот камп ИМЛП. Запознав луѓе од различни земји и се запознав со американскиот концепт за кампови. Во Франција не сме имале ваков камп каде што младите луѓе се соочуваат со природата. Тие учеа да палат огнови, да поставуваат шатори, а секое утро ја пееја химната на својот тим… Ова за мене претставуваше огромна промена на средината!

Уште еден интересен настан беше интеркултурната вечер која промовираше различности преку размена на музика и храна. Осум земји ги презентираа своите традиционални храна и пијалаци: Македонија, САД, Русија, Турција, Франција, Шпанија, Австрија и Германија. На менито имаше киш Лорен торта, тортиља, локум, и многу други деликатеси. Беше магична вечер каде сите изразија почит за својата земја во топла и пријатна атмосфера. Сите учесници посетија повеќе штандови каде што ја вкусија интернационалната кујна. Овој настан беше голем успех, каде што голем број средби и вкусови процветаа во љубов.

Според мене, ЕВС е личен и професионален развој. Сигурна сум дека знаењата кои ги стекнав за време на овие два месеци ќе ми бидат од корист еден ден. Ги усовршив моите познавања на англискиот јазик, научив да се изразувам, прифатив нов работен стил и ритам. Покрај тоа, запознав и научив да имам разбирање кон нова култура, традиции и човекови навики. Накратко, не се каам за мојот избор и се враќам во Франција со многу спомени! Еднаш се доживува ваква авантура! Па, ако ме прашате за совет би ви рекла: нурнете длабоко и откријте нови хоризонти!

Фото галерија од настанот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *