Активности


Програма за младински развој GLOW и YMLP

Програмата е спој на неформално образование составено од носечки наставен план со дополнителни изборни предмети и искуствено образование на отворено. Програмата се темели на повеќегодишно искуство во областа на неформалното образование, организирање на кампови и волонтерски сервис, стекнато на локално, национално и интернционално ниво самостојно и во соработка со YMCA Europe, Мировниот Корпус и бројни други чинители во споменатите области.

Мисијата на ИМКА и на GLOW-YMLP програмата за младински развој е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите. Програмата се состои од 3 елементи: камп GLOW, камп YMLP и GLOW-YMLP волонтерски алумни клубови.

Камп GLOW

Девојките го водат светот (ГЛОУ) е осумдневен мултикултурен камп за девојчиња кој промовира лидерство, граѓанско учество и пријателство. Програмата ја спроведува Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус, а се реализира од персонал на ИМКА, волонтери на Мировниот Корпус и GLOW-YMLP кампери алумни. GLOW е летна програма која се одржува во Македонија од 2002 на разни локации. GLOW ги оспособува младите да станат лидери кои креираат позитивни промени во нивните заедници.

Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и оспособување на девојките. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

Камп YMLP

Младинскиот лидерски проект (ИМЛП) е осумдневен мултикултурен камп за момчиња кој промовира лидерство, граѓанско учество и пријателство. Програмата ја спроведува Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус, а се реализира од персонал на ИМКА, волонтери на Мировниот Корпус и GLOW-YMLP кампери алумни. YMLP е летна програма која се одржува во Македонија од 2006 на разни локации. YMLP ги оспособува младите да станат лидери кои креираат позитивни промени во нивните заедници.

Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и личен развој. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

 

GLOW-YMLP волонтерски алумни клубови

Влијанието на камповите се поттикнува преку волонтерските GLOW-YMLP клубови кои се предводени од млади и се сместени во различни заедници низ целата земја. Тие обезбедуваат можност за дејствување каде што GLOW и YMLP алумни камперите можат да го споделат она што го научиле во кампот со нивната заедница преку месечните активности насочени кон лидерство и служење во нивните заедници. Програмата ја спроведува Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус, а се реализира од персонал на ИМКА, волонтери на Мировниот Корпус и GLOW-YMLP кампери алумни.

Постојат два различни типа на клубови: регионални и сателитски клубови. регионалните клубови создаваат простори каде лидерите на клубовите и членовите следат конкретна програма со засилена поддршка од ИМКА, додека сателитските клубови претежно ја следат програмата на најблискиот регионален клуб кој е во нивна близина, но и им дозволува на своите членови да бидат креативни и флексибилни во спроведување на активностите на нивниот клуб.

Интернационална младинска програма

Преку разни видови на интернационални можности како што се: обуки за личен и професионален развој, младински размени и краткорочен и долгорочен волонтерски сервис им овозможуваме на младите да се стекнат и надградат со потребни знаења и вештини и да се развиваат како личности со цел да можат подобро да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат.

Во оваа област соработуваме со World YMCA и YMCA Europe како дел од неколку меѓународни програмски групи како што се: Програмската група за кампови, Волонтери за Европа, со неформалната мрежа Меѓународна синерџи група, како и со други организации.

 

Социјална одговорност и општествен развој

Граѓанското општество со вклученост и активен придонес на сите чинители во јавните политики и процеси е од клучно значење за развојот на локалните заедници во кои живееме и општеството во целина.

Во таа насока ние како организација се вклучуваме во и даваме наш придонес во следниве полиња: препознавање, развој на младинската работа и релевантните младински политики и стратегии, реализирање на младински програми со училиштата преку поттикнување на младинско учество во донесувањето на одлуки, промоција на добротворството/филантропијата преку поттикнување на волонтерството и корпоративната и социјална одговорност помеѓу компаниите и граѓаните.

Во тој процес покрај со погоре споменатите институции и мрежи, ние соработуваме и со други чинители како што се: Коалиција на младински организации СЕГА, Сојуз за младинска работаМрежа за финансиска одржливост на ГО, граѓански организации, училишта, општини, компании, државни и локални институции.