ИМЛП камп 2018


“Патишта од земјава, однесете ме дома, на место каде што припаѓам …”

Овој минат јули, кампот ИМЛП беше фантастично искуство поминато во Бегова Корија, во прекрасното Крушево, Македонија.

На кампот, момчиња од целата земја беа собрани и учествуваа во професионални работилници, развија подлабоко взаемно културно разбирање и имаа многу забава. Од проучување на теми како што се младинско вработување, граѓанска одговорност и лидерство, до учење како да се игра бејзбол, креативно пишување и спиење во шатори под ѕвездите, камперите имаа навистина уникатно искуство кое не е понудено никаде на друго место во Македонија.

ИМЛП камперите стануваат уверени активисти и лидери кои се ангажирани во нивните заедници. Тие разбираат како да го поттикнат не само својот личен и професионален развој, туку и како да работат и да станат блиски до луѓето кои се различни од себе. ИМЛП го поттикнува доживотното пријателство и за следната генерација лидери во Македонија. Дојдете и видете околу што е целава оваа галама!

„Секоја година, годишните кампови ми помагаат да го обликувам и развивам мојот карактер во професионален и поодговрен манир. Секоја година земањето нова позиција ми даваше можност да растам и да учам додека излегував надвор од мојата зона на удобност и прифаќав поголема одговорност. Постојаната имплементација на новите курсеви и изборни предмети ми даде можност да покажам позитивен пример, притоа постојано развивајќи и подобрувајќи ги моите лидерски способности. Безбедниот простор околу ИМЛП кампот навистина ми помогнаа да погледнам подлабоко во себе и ја поттикнаа мојата мотивација и дисциплина за да ги следам целите и на индивидуалните и на колективните тимски напори, додека се трудевме постојано и доследно да ги развиваме програмите за во иднина.“ Ненад Стојчевски (кампер 2016, инструктор во обука 2017 и инструктор 2018)

Сакаме посебно да им се заблагодариме на нашите донатори: Амбасадата на САДФООМ, Европскиот фонд за демократија (ЕЕД), Амбасадата на САД во Македонија и нашите корпоративни партнери ОКТА, Тинекс, Рудник САСА, Алкалоид, Пекабеско, Жикол и други корпоративни и индивидуални донатори за обезбедување на донации за да се овозможи ова незаборавно искуство на кампот ИМЛП 2018.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *