Волонтерски акции на ГЛОУ-ИМЛП клубовите (есен) 2018


Секоја година, нашите кампери на ГЛОУ и ИМЛП се собираат во нивните локални заедници за да започнат и да водат низа сервисни проекти низ цела Македонија. Сите волонтерски проекти се развиваат во рамките на регионалните ИМЛП и ГЛОУ клубови – кои се локални клубови предводени од млади, и кои ги поттикнуваат младите да станат лидери во нивните сопствени заедници. Овие млади се често ГЛОУ или ИМЛП алумни на камповите, кои преку своите клубски активности можат да го применат она што го научиле во кампот за лидерство и граѓански ангажман во нивните заедници.


Нашите клубови беа одговорни за дизајнирање, имплементирање и прибирање на финансиски средства за сопствени волонтерски проекти вклучувајќи и аплицирање за грантови од ИМКА Битола за сите материјали кои им се потребни. Ние сме среќни што ги споделуваме следниве проекти на ИМЛП и ГЛОУ лидерите, спроведени низ нивните локални места во есента 2018 година! Исто така, сакаме особено да им се заблагодариме на нашите донатори: Европската фондација за демократија (EED) и нашите корпоративни партнери ОКТА, Тинекс, Рудник САСА, Алкалоид, Пекабеско, Жикол и други корпоративни и индивидуални донатори за обезбедување на монетарни донации кои ги направија возможни волонтерските проекти во  2018 година.

Ви благодариме клубови за позитивните промени во вашите заедници!

Кочани: Членови на клубот купија материјали за изработка на прекривки за семејства кои имаат потреба од такви во зима. Членовите на клубот работеа заедно за да ги направат сите ќебиња и да ги испратат до семејствата на кои им е потребна дополнителна топла облека во зимската сезона.

Тетово: Членови на клубот користеа материјали за подготовка на храна и водеа курс за здрава исхрана во локалните училишта – вклучително и да учат млади како да прават сопствена гранола и салати.

Гевгелија: Членови на клубот работеа со локални учители и ученици во основно училиште и насликаа серија игри и шарени мурали на училишниот двор – единственото место за рекреација на учениците.

Охрид и Струмица: Во Охрид и Струмица, членовите на клубот се обидоа да се борат против ѓубрето околу нивните училишта, со чистење на ѓубрето околу локалните игралишта и училиштата. Во Охрид ги премачкаа кантите за ѓубре посветли и поочигледни за око, во светли бои. Во Струмица, членовите на клубот создадоа кампања за подигање на свеста за заштита на животната средина, за да го задржат својот град чист.

Кичево и Битола: Во Кичево и Битола, членовите на клубот и членовите на локалната заедница се обидоа да го прекрија говорот на омраза во нивната заедница (графит на свастика). Кичевскиот клуб наслика електрична кутија. Слично во Битола, членовите на клубот насликаа фреска на планинскиот регион Пелегонија врз говорот на омраза во нивната заедница.

Штип: Младите со посебни потреби и понатаму остануваат маргинализирана заедница во Штип. Клубот на Штип направи уметност и занаети со 20 ученици кои се во неповолна положба во нивната заедница. Заедницата на Штип се надева дека ќе изгради трајни врски со младите кои ги поддржаа.

Делчево: Во Делчево членовите на клубот се обидоа да создадат поудобен простор за луѓето со посебни потреби во нивната заедница. Тие го насликаа дневниот центар со шарени мурали за да го направат поприфатлив за децата.

Скопје: Во Скопје, клубот водеше работилници во нивната заедница за лидерството и за важноста на слободата на изразувањето.

Фотографии од волонтерските проекти може да се видат тука и тука.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *