Calendar


Jan
2
Thu
2020
Волонтирај во Европа @ YMCA Bitola
Jan 2 2020 – Dec 31 2021 all-day

ИМКА Битола ти нуди можност за волонтирање и во Европа!

Европскиот Солидарен Корпус (поранешниот Европски Волонтерски Сервис) е програма на Европска Унија која им овозможува на млади помеѓу 17-30 години да волонтираат во странство од 2-12 месеци.

Европската Унија ги покрива сите трошоци со цел да промовира вредности како што се: активно граѓанство, толеранција, взаемно разбирање,  солидарност.

Оваа програма еднаш во животот нуди искуство каде волонтерите  имаат можност да запознаат други култури, да станат независни, да стекнат работни вештини, да се обучат за тимска работа, да патуваат и научат јазик како и да добијат Youthpass сертификат кој е признаен во странство и со тоа да ги зголемат шансите за вработување.

Доколку се волонтира на долгорочен проект (помеѓу 2 и 12 месеци), волонтерот нема повеќе можност за повторување на искуството преку оваа програма. Доколку првото волонтирање е краткорочно до 2 месеци, тогаш волонтерот би можел да аплицира уште еднаш за искористување на преостанатите 10 месеци.

Овој тип на волонтирање не е платена работа, јазичен курс, стажирање или туризам и покрај тоа што содржи елементи од сето ова.

Проектите за кои може да аплицирате имаат најразлични теми (над 50) и ваше е да одберете дали сакате да работите со деца или во театар или можеби со лица со хендикеп, социјална работа, ICT- нови тенологии, да предавате јазик, да научите како да водите организација, работа со кампови итн.

Низ следниве дата-бази може да се пребаруваат овие теми:
https://europa.eu/youth/volunteering/project_en (пребарувате согласно Вашите временски планови, тема и земја каде би сакале да волонтирате),
https://youthforeurope.eu/ (пребарувате под „Младински размени“, „Европски Солидарен Корпус“ или „Тренинзи“)

Отворените повици за волонтирање ги објавуваме на фејсјбук. Доколку имате прашања може да не контактирајте и на меил: evs@ymcabitola.org.mk.